ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Македонски ветер за македонска енергија

December 19, 2022 15:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Фотографија: Ангел Ангеловски

Фотографија: Ангел Ангеловски

Енергетската криза која го зафати светот по руската агресија на Украина ја потврди потребата од поголема енергетска независност на земјите во Европа, но и потребата од фокус на обновливите извори на енергија.

Транзицијата од фосилни горива на обновливи извори во Северна Македонија започна и пред енергетската криза, а токму кризата беше мотив плус за да се забрзаат процесите.

Движејќи се низ државата видливи се сѐ повеќе ветерни паркови кои произведуваат македонска енергија од македонски ветер. Возејќи по автопатот Скопје-Штип, кај Свети Николе се гледа ветерниот парк „Блогословец“ кој започна да се гради во 2021 година, а се очекува целосно да биде завршен следната, 2023 година.

Овој ветерен парк ќе има осум ветерници кои ќе произведуваат 36 мегават часови електрична енергија и претставува инвестиција од 61 милиони евра.

Ветерен парк „Блогословец“, Свети Николе

1 of 10
- +

1. Фотографија: Ангел Ангеловски

2. Фотографија: Ангел Ангеловски

3. Фотографија: Ангел Ангеловски

4. Фотографија: Ангел Ангеловски

5. Фотографија: Ангел Ангеловски

6. Фотографија: Ангел Ангеловски

7. Фотографија: Ангел Ангеловски

8. Фотографија: Ангел Ангеловски

9. Фотографија: Ангел Ангеловски

10. Фотографија: Ангел Ангеловски

Кај Богданци веќе се активни државните ветерници, исто со капацитет од 36 мегават часови. Овој ветерен парк ќе биде надграден со уште три нови ветерници со што капацитетот ќе се издигне на 50 мегават часови.

Најголемата инвестиција во историјата на државата е исто така е во ветерници – 500 милиони евра од германската WPD. Оваа компанија ќе изгради 69 ветерници со капацитет од 415 мегавати на потегот Куманово – Крива Паланка.

Ваквите активности само ја потврдуваат посветеност на Владата на надминување на енергетската криза, но и обезбедување на државата и граѓаните за иднината. Северна Македонија пополека станува зелен енергетски центар во Европа со инвестициите не само во ветерници, туку и фотоволтаици.

Освен што се олеснија процедурите за инсталирање на фотоволтаици за домаќинствата и компаниите, се поголеми се и инвестициите на државата во капацитети за производство на електрична енергија од сонцето.

Во последните девет месеци пуштени се во употреба 27 мегавати фотоволтаични централи, а започна и трансформацијата на електраната Осломеј. Веќе се гради фотонапонска електрана од 10 мегавати, а преку јавно приватно партнерство оваа електрана ќе произведува 100 мегавати електрична енергија од македонското сонце.

По 30 години пропаднати тендери и одлагања, пред реализација и е историскиот проект за хидроелектраната „Чебрен“.

Со овие инвестиции, енергетскиот сектор, кој беше заборавен изминатите 30 години, добива нова сила и енергија, која ќе значи сигурност за граѓаните, но и стабилност и цврста основа за развој на македонската економија.

Тим Фронтлајн

Next Post

Хрватска почнува постепено прилагодување на еврото - од денеска голема промена на сите банкомати

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk