ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шаќири и студенти дискутираат за надградување на законот за субвенциониран студентски оброк

December 20, 2022 14:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Мерката субвенциониран студентски оброк, не само што ќе биде достапна и во иднина, туку во меѓувреме законското решение ќе го унапредиме согласно потребите и барањата на оние за кои се однесува. Дадовме ветување и токму денеска на средба со студентите презентираме предлог измени што ги подготвивме и јас очекувам од нив, да дадат дополнителни сугестии за да дојдеме до решението што ќе биде најправедно и вистинска поддршка при студирањето.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој денеска во Собранието на Република Северна Македонија е на средба со претставници на студентските организации и здруженија, каде се дискутира за подобрување на законското решение што предвидува доделување на средства за субвенциониран студентски оброк.

Измените, како што образложи Шаќири, се однесуваат на повеќе сегменти на законот.

– Студентите ова право ќе го користат од понеделник до петок, без ограничување на часовите. Исклучок е периодот од 1 јули до 14 септември, кога корисниците немаат право на добивање паричен надоместок, како и во неработните денови и државни празници. Дополнително, се предлага непотрошените дневни средства да не се префрлаат за трошење следниот ден, се наведува во соопштението на Министерството за образование и наука.

Во иднина, како што соопштија оттаму, посебно одделение во МОН ќе работи исклучиво на прибирање и обработка на податоците и на остварувањето на правото на субвенциониран студентски оброк.

– Понатаму, ќе се дефинираат носителите на платен промет, односно тоа се банките со кои МОН ќе склучи нефинансиски договори за обезбедување соодветен број на картички за користење на субвенциониран студентски оброк и нивна персонализација, додека сметките на студентите би се воделе без надомест, а провизијата за трансакциите ќе ја плаќаат трговците. Како даватели на услуги, се одредуваат исклучиво правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и се регистрирани во мрежата за трговци со соодветен код и истите ќе бидат евидентирани во регистар што ќе го води МОН, а ќе биде јавно објавен на веб страницата на Министерството и ќе се ажурира на месечно ниво, појаснуваат од Министерството.

Шаќири очекува конструктивни предлози од студентите до утврдување на најдобрата верзија на законот и со тоа, како што е нагласено, Министерството заедно со Владата само уште повеќе ја проширува праксата на заедничка соработка во креирањето на политиките.

Тој потенцираше дека и во услови на криза, потребите на студентите остануваат врвен приоритет на Министерството и дека токму денеска се реализира исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк на сите студенти, кои аплицирале и ги исполниле критериумите, согласно постојното законско решение.

– Тие ќе добијат средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември, додаваат од Министерството.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Министерство за образование и наукаобразованиестудентски оброкШаќири

НАЈНОВО

Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

June 6, 2025

Јапонски суд ја укина глобата од 84 милијарди евра за нуклеарната катастрофа во Фукушима

June 6, 2025

(ФОТО) Охридската чаршија е препуштена на стихијата и тука секој прави што сака, алармираат Охрид SОS

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украинските сили ја нападна руската ракетна база во Брјанската област, уништувајќи и оштетувајќи лансери „Искандер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk