ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимоски очекува одлуката на ЕУ за плафонот на цената на гасот да има позитивно влијание и кај нас

December 21, 2022 09:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По неколку месеци разговори и преговори министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ во понеделникот се договорија за воведување плафон на цената на природниот гас, а на прашањето дали ова би имало некакво влијание кај нас, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски одговара позитивно и вели дека е добар сигнал, јави дописничката на МИА од Атина.

Механизмот за ограничување на цената на гасот ќе се активира кога цената ќе достигне 180 евра за мегават час и 35 евра повеќе од референтната цена на течниот гас за период од три последователни дена, а воведувањето плафон беше грчки предлог доставен пред неколку месеци.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, Бислимоски изразува надеж и очекување дека оваа одлука ќе има позитивно влијание и кај нас.

– Се надевам дека ќе влијае, имајќи предвид дека и во државата веќе цената за природниот гас ни зависи од цената на ТТФ берзата во  Холандија, во најголем дел, 70-ина проценти, а 30 проценти е од нафтениот индекс. Значи, очекуваме дека со поставувањето на овој „price cap“ кој што ќе видиме како функционира и како ќе се имплементира, дека ќе има позитивно влијание кај нас од аспект на намалување на цената на природниот гас, вели Бислимоски.

По учеството на состанокот на 53-от Борд на регулатори на Енергетската заедница што се одржа во Атина, Бислимоски посочува дека и претставникот на Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на ЕУ (АЦЕР) за време на дискусијата се осврнал на конкретната одлука.

– Од она што го слушнавме од нашиот колега од АЦЕР е дека тоа е еден посложен механизам и на нив им треба анализа за да видат конкретно како тоа би влијаело на крајната цена која што ја плаќаат потрошувачите, но сметам дека е добар сигнал, имајќи предвид дека и минатата недела и оваа недела цената на природниот гас на ТТФ берзата е намалена за околу 15-20 проценти, па да видиме дали тој тренд ќе продолжи и во јануари со цел да имаме малку од малку порелаксирана ситуација, објасни за МИА претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

На крајот на септември годинава министрите за енергетика на 15 земји членки на Европската унија (Грција, Хрватска, Франција, Бугарија, Белгија, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија), преку писмо испратено до комесарот за енергетика Кадри Симсон побараа ЕУ да воведе ограничување на големопродажната цена на природниот гас .

Писмото, како предлог и иницијатива од Атина, тогаш го објави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој сега, по постигнатиот договор, ја поздрави одлуката, коментирајќи дека „механизмот за корекција на пазарот, грчкиот предлог доставен пред девет месеци, конечно беше усвоен од министрите за енергетика“.

Tags: БислимоскиЕвропска УнијаекономијаРегулаторна комисија за енергетика
Next Post

Зеленски објави дека патува во САД на разговори за одбранбените капацитети на Украина

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk