ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За Социјалдемократите во ЕП предлогот на Париз за методологијата не е целосно прифатлив

Станува збор пред сѐ за таканаречените „кластери“. Париз предлага 35-те поглавја од процесот на преговори да се обединат во седум тематски блокови, но според информациите што кружат во политичките кругови во Брисел, Франција смета дека во текот на процесот ќе мора да се затвори еден кластер пред да се отвори следниот.

February 4, 2020 11:34
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Европските Социјалдемократи не се согласуваат со сите аспекти на предлог реформата на методологијата на преговорите за членство, изјави потпретседателката на оваа партија во Европскиот Парламент, Кати Пири, јави дописникот на МИА.

Европратеничката поздрави дел од предлозите на Париз кои внесуваат поголема динамичност во процесот, како и ран пристап до некои европски фондови, но предупреди дека одредени елементи од предлогот ќе направат процесот потежок и побавен.

Станува збор пред сѐ за таканаречените „кластери“. Париз предлага 35-те поглавја од процесот на преговори да се обединат во седум тематски блокови, но според информациите што кружат во политичките кругови во Брисел, Франција смета дека во текот на процесот ќе мора да се затвори еден кластер пред да се отвори следниот.

-Процесот е веќе полн со можности за вето, речиси невозможно е да се има брз процес, сите се плашиме да изгубиме контрола врз проширувањето. Секторскиот пристап е во ред, но не помага ако се внесуваат камења на сопнување, кога веќе има 53 поглавја, да мора да се затвори еден сектор пред да се отвора друг, барем така се толкува ова, рече Пири на прес – конференција.

Таа го даде примерот со блокот посветен на животната средина, на второ место во францускиот предлог.

-Ако ја ставите животната средина во првите сектори пред да можете да преминете на следните, тоа значи дека ќе останете заглавени дваесет години врз еден сектор, градовите на западниот Балкан се меѓу најзагадените на свет, потсети европратеничката.

Блоковите не смеат да станат пречки за напредокот, сметаат Социјалдемократите во Европскиот Парламент и бараат преговорите да се водат за повеќе кластери истовремено.

-Не е добро да се прифати во целост францускиот предлог, сметам дека предлогот не е елабориран во некои делови, ние имаме повеќе предлози од Франција и Европската Комисија ќе има уште повеќе, не би било добар сигнал да се прифати сѐ од Франција, тоа би значело дека кога ставате вето добивате сѐ што сакате, предупреди пратеничката.

Од друга страна Социјалдемократите се согласуваат со низа други елементи во францускиот предлог. Еден од нив е пристап до фондови, со што ќе им се даде и на властите и на граѓаните опиплив бенефит од преговарачкиот процес, кој може да трае 15 до 20 години, зависно од напредокот.

-Граѓаните не гледаат веднаш бенефит кога ќе се затвори едно поглавје, со постепено пристапување се работи на повеќе теми истовремено, а притоа има и огромна разлика помеѓу претпристапните фондови и фондовите за членство во ЕУ, и тука се појавува јаз кој моментално го пополнува Кина. ЕУ треба да го пополни овој јаз, посочи Кати Пири.

Владеењето на правото во секој случај ќе остане клучен елемент во новата методологија бидејќи ова е барање на сите земји членки, но посебно на земји како Франција и Холандија.

Пири, која и самата е холандска европратеничка, вели дека граѓаните од нејзината земја се плашат од проширувањето поради нефер конкурентноста на пазарот на трудот и бара поголем акцент врз социјалните прашања во идната методологија. 

-Еден од стравовите во Холандија е тоа што се случи после проширувањето во 2004 кога имаше широко движење на работната рака и конкурентност на пазарот на трудот, затоа е клучно да се инвестира во социјални политики пред зачленувањето во ЕУ, тоа  е една од научените лекции, рече Пири.

Извештајот на Европската Комисија за ревизија на методологијата ќе биде објавен утре околу пладне.

Next Post

Австралискиот Парламент им оддаде почит на жртвите на пожарите

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk