Откако Владата соопшти дека го назначила Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат, неколку медиуми објавија фотографија од поранешниот прв човек на УЈП, со исто име и презиме.
Беше објавен наслов дека „Поранешниот прв човек на УЈП, Горан Трајковски, ќе ја предводи Пазарната инспекција“.
Исто така, беше објавен и сензационалистички наслов: „Најнова вест: Владата за нов директор на ДПИ постави добро познат лик од времето на Груевски“, илустриран со фотографија од Груевски и Горан Трајковски, поранешниот директор на УЈП.
Но во случајов, не станува збор за екс-директорот на УЈП Горан Трајковски, туку за друго лице со исто име, но со поинаква биографија и работно искуство.
Повеќе медиуми кои објавија погрешна фотографија се поправија и преобјавија фотографија од вистинскиот Трајковски. Но, тие не смогнаа сили јавно да се извинат за грешката.
И овој случај покажува дека проверката на факти затајува кај многу медиуми, што доведува до зголемување на недовербата во медиумите од страна на публиката.
Извор: SMK