Некогаш Скопје беше мамка со добар амбиент, атмосфера и забава да привлече гости и да има полн плоштад на прослава.
Празници се ближат, а скопјани не гледаат ништо од претпразнична атмосфера. Грда е сликата на плоштадот „Македонија“. Елка скромно накитена и неколку затворени куќарки. Нема украси, сијалички, ниту дедо мразовци. Нема ни луѓе!
„Мајката“ на Градот, Данела Арсовски не се погрижи да им ги разубави барем малку Новогодишните и Божикните празници на своите сограѓани во деновите обременети со економска, енергетска и до вчера здравствена криза. За привлекување на гости од соседството и пошироко кои би дошле да ги минат празничните денови во убаво расположение не станува ни Скопјани бараат малку новогодишна радост, а Тирана, Белград, Загреб и Софија живеат како во бајка.Скопје годинава остана без украси, блокирано во сообраќаен хаос, изринкани улици… Наместо насмевки на лицата и празнична еуфорија „мајката“ и сервира празнично сивило. Ова е прва година, градските власти да го запостават или целосно да го игнорираат украсувањето.
Во метрополите од регионот и светот одамна се организираат празнични забави, базари, за возрасните и најмладите.
Немањето на идеја и разбирање за барем скромно празнување од страна на градските власт, се обидуваат да ја пополнат шопинг центрите, кафеаните и кафулињата каде се прават обиди за подгравање на предновогодишнатан атмосфера.
Белград
Тирана
Софија
Загреб
Извор: 24инфо