ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Американците соочени со најстуден Божик во изминатите 40 години

December 22, 2022 14:16
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Големата зимска бура што ги зафати САД оваа недела може да предизвика во делови од државата најстуден Божик во изминатите четири децении, велат метеоролозите. Студениот бран кој се случува еднаш во генерација почна во вторникот во северозападниот дел на Пацификот, пред да се пресели на исток и да стане „циклонска бомба“ до петок.

Повеќе од 90 милиони луѓе се предупредени за зимски временски неприлики во 37 држави. Околу 80 отсто од државата ќе доживее ниски температури, вклучително и на југ до Тексас.

Арктичката екслозија  која Ведр ченл ја нарече зимска бура Елиот, би можела да го донесе најстудениот Божиќ на Средниот Запад од крајот на 1980-те.

Се предвидува дека дури и сончевата држава Флорида ќе го доживее најстудениот Божиќ во изминатите 30 години.

Националната метеоролошка служба (НВС) објави дека до крајот на оваа недела можни се температури од минус 45 до дури минус 56 Целзиусови во некои делови од земјата.

Таквите ниски температури можат да предизвикаат „смрзнатини за помалку од пет минути доколку не се преземат мерки на претпазливост, при што можни се хипотермија и смрт поради продолжено изложување на студ“.

НВС го нарече тоа зимски временски настан што се случува еднаш во генерација, особено затоа што бурата ќе стигне до регионот на Големите Езера, каде што се очекува нејзиниот притисок да достигне еквивалент на ураган од трета категорија.

Гувернерите на Кентаки и Северна Каролина веќе прогласија вонредна состојба.

Снежните услови и замрзнатите коловози се очекува да предизвикаат сообраќаен хаос викендов.

Стотици летови од Денвер и Чикаго се веќе откажани.

СЗпоред пргнозите, Денвер ќе се соочи со најголем стиуден бран денеска кога температурите ќе паднат до -26 Целзиусови степени.

Денвер Колосеум, голема спортска сала, се претвора во центар за заштита од студот.

Чикаго е предупреден да се подготви за обилни снежни врнежи од денеска, придружени со налети на ветер над 80 км/ч.

Како што се развива бурата, метеоролозите предвидуваат дека ќе се претвори во „циклонска бомба “.

Циклонска бомба е голема, интензивна бура што брзо се движи, со пад на централниот воздушен притисок од најмалку 24 милибари за 24 часа. Името бомбастично го доби поради експлозивната моќ предизвикана од наглиот пад на притисокот. Таквите бури предизвикуваат тешки временски услови од виулици до  обилни врнежи.

Циклонските бомби се најзастапени на источниот брег на САД и Канада, каде студената земја и топлата Голфска струја создаваат оптимални услови за тоа

Tags: ПацификотСАДСтуден бранТексас
Next Post

Ковачевски во „Бучен Козјак“: Владините антикризни мерки го ублажуваат ценовниот шок за граѓаните и креираат услови за напредок на компаниите

Најново

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

May 12, 2026

„Матица македонска“ ја објави „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски – книга што создава нови поводи за читање на македонската книжевност

May 12, 2026

Тренчевска: СДСМ ќе го промовира новиот Закон за борба против корупцијата

May 12, 2026

ВЛЕН: Промовираме нова визија за децентрализација и вистинска автономија на општините

May 12, 2026

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk