ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Архангелот над Скопје“ вечер премиерно во МНТ

December 24, 2022 11:01
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото извор: МИА

Фото извор: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Рокенрол мјузиклот „Архангелот над Скопје“ вечер во 20 часот премиерно ќе биде изведен во Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер и дизајнер е Наташа Поплавска, а претставата е работена по музиката на нашиот најголем рок-бенд „Архангел“, создадена од Ристо Вртев. Покрај музиката, лириката и текстот се на Вртев.

Претставата е во продукција на Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“, а е поддржана од Министерството за култура,  во соработка со Македонскиот народен театар и Театар „Комедија“.

– Приказната зборува за животот на градот Скопје во периодот на неговото созревање од деведесеттите години на минатиот век, па сѐ до денес. Урбаниот скопски живот ќе се прикаже преку животот на транзициските генерации кои сакаат да направат промена во културно-општествениот живот, наспроти баналната стварност која ги фрла на маргините на општеството, соопшти МНТ.

Покрај Ристо Вртев, учествуваат и актерите: Нина Елзесер, Стефан Спасов, Јована Спасиќ, Антонио Ташковски, Ања Митиќ, Лазар Христов, Ана Грамосли, Гоце Андонов, Катерина Јовановиќ, Ведран Чешарек, Ана Јованoвска, Кире Ацевски, Мина Јелушиќ, Марија Талеска, Мартина Даниловска Марко Младеновиќ. Тие ќе бидат придружувани од музичарите: Зоран Костадиновски — гитара, Виктор Николовски — бас-гитара, Благоја Антовски — тапани, Сашко Николовски — тромбон, Кирил Кузманов — саксофон, Трајче Велков — труба и Стефан Илиевски – клавијатури.

Билетите за претставата се продаваат на билетарницата на Македонскиот народен театар и на веб-страницата mnt.mk/kupi-bileti-online.

Извор: МИА

 

Next Post

Бачовски за следната недела најавува продолжување на исплатата на субвенциите за млеко

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk