ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Фотошопирана фотографија од Зеленски, Бајден и првата дама на САД стана вирална на социјалните мрежи

December 28, 2022 09:01
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Oваа објава е невистинита, виралната фотографија на којашто е прикажано дека американскиот претседтел Џо Бајден, наводно, ја ставил раката на задникот на Зеленски е дигитално изменета. Станува збор за манипулирана верзија на официјална фотографија споделена од новинарскиот тим на Белата куќа, на којашто се гледа како првата дама Џил Бајден и нејзиниот сопруг го допираат Зеленски на грбот, со рацете јасно поставени во средината, пишува Вистиномер.

Текстот го пртенесуваме во целост

Фотографијата којашто се споделува на Фејсбук, а на која се гледа како американскиот претседател, Џо Бајден го допира задникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски пред новинарите и фоторепортерите за време на неговата историска посета на Вашингтон во средата, стана вирална на социјалните мрежи. Сепак, фотографијата е фотопоширана односно лажна.

Што би рекол Мирко Попов некој мора да те потапша од позади за да ти тргне у животот!!!

Историската посета на Вашингтон минатата недела на украинскиот претседател Володомир Зеленски, чија земја веќе 10 месеци е под руска инвазија, предизвика огромно внимание во јавноста.

Но, посетата, исто така, беше и мета за дезинформации. Една од тие е вирална фотографија која го прикажува Зеленски како стои помеѓу Бајден и првата дама на САД, Џил Бајден при што претседателот на САД е прикажан како наводно го допира за задникот неговиот украински колега (тука, тука, тука и тука).

Вистина е дека Зеленски беше во Вашингтон во средата и дека двајцата лидери поминаа многу време заедно, при што скоро секој јавен момент беше снимен на видео и на фотографии од повеќе агли. На една од фотографиите прикажани се американскиот претседател  Бајден и неговата сопруга како го допираат Зеленски на грбот, со рацете јасно поставени во средината.

Вистинската фотографија е направена од официјалниот фотограф на Белата куќа. Никој друг немал пристап до тој агол, освен официјалниот персонал во Белата куќа. Прегледувањето на официјалните профили на социјалните мрежи на Белата куќа покажуваат дека оваа фотографијата е споделена од профилите на првата дама на САД и на Фејсбук и на Твитер со текст кој вели:

Претседателе Зеленски, се надеваме дека ќе ја пренесете нашата љубов и поддршка на Олена и вашите деца и на сите семејства во Украина.

President Zelenskyy, we hope you take our love and support back to Olena and your children, and all the families of Ukraine. ? pic.twitter.com/z1uqAAl8B8

— Jill Biden (@FLOTUS) December 22, 2022

При повнимателниот преглед на двете фотографии споени една до друга  се забележуваат детали кои укажуваат дека сликата е фотошопирана односно изменета.

Дека се работи за истата фотографија само фотошопирана покажува фактот што сенките на двете фотографии се исти, кадриците на косата на Џил Бајден, исто така, се  идентични и нема какви било  различни движења на никој од присутните на фотографијата.

Но, на официјалната фотографија јасно се гледаат наборите на дуксерот на Зеленски кои се вештачки измазнети и избришани во монтираната верзија, каде што е сменета поставеноста на раката на Бајден.

Изменетата верзија покажува и неприроден агол во рамото на Бајден, а должината на неговата рака се чини дека е непропорционална со неговото тело.

Поради сето ова оценуваме дека оваа објава е невистинита, Бајден не ја ставил раката на задникот на Зеленски. Виралната фотографија е дигитално манипулирана верзија на официјална фотографија споделена од новинарскиот тим на Белата куќа.

 

Tags: БајденЗеленскилажна вестФотошопирана фотографија
Next Post
Фото: Ангел Ангеловски

ЈСП: Студентите треба да го заверат годишниот билет за бесплатно користење на јавен превоз

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk