ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

МОН: Ќе се коригираат пропустите во учебникот за петто одделение, образованието е политички неутрален систем

December 28, 2022 11:50
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Образованието е политички неутрален систем, ќе се коригираат пропустите во учебникот за петто одделение, велат од Министерството за образование и наука.

-Во однос одредени забелешки пренесени од страна на медиумите во текот на вчерашниот ден за учебникот по Албански јазик за петто одделение, МОН повторно ја информира јавноста дека процесот на одобрување на еден учебник го води Националната комисија за учебници и на истиот во никој случај и од ниеден аспект не влијаат раководните структури на министерството, ниту пак кои било политички чинители, соопштуваат од МОН.

Со оглед на тоа дека образованието, а воедно и целокупниот воспитно-образовен процес се политички неутрални и надвор од дневните партиски политики, а со цел избегнување на инволвираност на одредена политичка партија или структура во учебниците, МОН апелира до авторот на посочениот учебник и Педагошката служба, да постапат согласно Законот за учебници.

-Членот 14 во законското решение децидно уредува во случај ако се констатира дека во одобрен учебник се потребни одредени исправки или дополнувања, а истите не претставуваат повеќе од 30 отсто од содржината на учебникот, Педагошката служба треба да достави барање до издавачот, односно авторот да предложат исправка или дополнување во текстот на учебникот во рок од 30 дена од денот на добивање на барањето. Барање за дополнување или исправка може да поднесе и самиот автор или издавач, информираат од МОН.

Веднаш по постапувањето на авторот и Педагошката служба, Министерството за образование и наука во комуникација со економскиот оператор кој е избран да ги испечати учебниците за учениците од основното образование, во најкус временски рок и без дополнителни трошоци по буџетот, ќе изврши корекција на увидените пропусти и грешки

Tags: Министерство за образование и наука
Next Post

Франциск: Поранешниот папа Бенедикт е многу болен

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk