ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Кацарска: Верувам дека довербата на граѓаните во Уставниот суд е зголемена

December 28, 2022 14:17
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека довербата на граѓаните во Уставниот суд е зголемена, изјави на денешната завршна прес-конференција претседателката на Судот, Добрила Кацарска. Претставувајќи го работењето на Судот во текот на 2022 година, таа посочи дека годинава се одржани вкупно 42 седници и 130 решени предмети.

– Навистина верувам во тоа затоа што и со овие бројки што сега ги кажав покажавме дека и кога сме во неполн состав, односно кога бевме само пет судии ние имаме одржано најмногу седници, а освен тоа сè почесто се случува да укинуваме одредби од закони, па веќе ќе се даде и поинаков третман и на барањата за заштита на слободите и правата. Така што, верувам дека граѓаните ќе ја направат разликата помеѓу оваа работа сега на Уставниот суд и претходно, посочи таа.

Одговарајќи на новинарски прашања, Кацарска рече дека смета оти во моментов нема потреба од средба со повисоки инстанци за да обезбеди мнозинство од уставни судии, и кажа дека е силен поддржувач на воведувањето на уставната жалба.

– Ние го одиме патот кон Европа долги години, еве веќе почнавме и преговори. Ќе дојде и тој ден кога ќе побараат од нас воведување на уставна тужба и како што некаде се нарекува уставна жалба. И мој предлог е да час поскоро ја воведеме уставната жалба за да не се најдеме во ситуација да бидеме критикувани и повикувани зошто тој инструмент ние го немаме. Значи, секаде во секоја можност тоа и во секоја прилика го кажувам, но треба да се има во предвид дека е потребна промена на Уставот за да може да се воведе, рече таа.

Дополнувајќи дека во новиот акт кој што го имаат подготвено има одредби што се однесуваат токму на уставната жалба.

– Но, повторно ви велам, сепак ние зависиме од пратениците. Доколку има волја кај нив ние би се комплетирале веднаш и би почнале после неколку месеци секако би биле спремни да отпочнеме со таа работа. Но, нагласувам дека е неопходно потребно час поскоро да ја воведеме уставната жалба. Посебно што и ние сме една од ретките земји што немаме уставна жалба. На таа тема веќе имам неколку средби со ИРЗ од германската фондација, разговараме, тие ни помагаат, што ќе биде не знам. Не зависи тоа од Уставниот суд во секој случај. Да зависи од нас веднаш ќе ја воведеме, рече Кацарска.

Како најстар предмет кој што не бил решен од 2012 година го издвои предметот промената на имињата на училиштата во Општина Чаир.

–  Имаме и други стари неколку предмети. Тука беше и предметот за изборот на претседателот на Собрание, Талат Џафери, од 2017 година и тој предмет е завршен. Но овие предмети што се сега останати стари се оние што се однесуваат за указите, за Преспанскиот договор и Законот за јазици за кој што сметавме ние пет судии дека треба да сме во комплетен состав за да можеме да одлучуваме затоа што навистина тоа се исклучително сериозни предмети. Таму се оспорени и указите и во целиот законите и знаете како, можеби ние би имале доволен број на гласови, можеби сите пет судии би гласале исто, но, друго е кога имаме ние дискусија од девет судии. За така сериозни предмети сметам дека треба комплетен состав. Веднаш штом се пополни Судот, штом се комплетираме секако дека тие предмети ќе имаат приоритет, рече таа.

Кацарска информираше дека со новиот акт се предвидени многу измени.

– Многу работи кои што не се предвидени досега и токму заради тоа што нема закон за Уставниот суд гледаме тие празнини да ги пополниме со новиот акт. Тоа сепак треба да го одлучат политичарите дали е потребно да има закон или не, а во поглед на изборот на судиите очигледно е дека има многу критики околу оној термин „истакнат правник“ и можеби е сега крајно време точно да се дефинира што значи терминот „истакнат правник“. Но, за тоа не мора да има ни закон. Тоа може да се среди на друг начин, смета таа.

На денешната завршна прес-конференција, претседателката ја претстави работата на Уставниот суд за 2022 година и посочи дека темата со неизбирањето на судиите останува сериозен проблем за Судот

Tags: Добрила КацарскаУставен суд
Next Post
Архивска фотографија

Маските паднаа, коалицијата Мицкоски- Арсовска функционира, ВМРО ДПМНЕ побегна од избори во Град Скопје

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk