ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

АНКЕТА | Маркет линкс: Недовербата во бугарскиот претседател Радев за првпат е поголема од довербата

December 30, 2022 16:31
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Најновата анкета на „Маркет линкс“ на бТВ покажува дека поголемиот дел од бугарските граѓани за првпат имаат поголема недоверба од доверба во бугарскиот претседател Румен Радев, пишува Медиапул.бг.

Така, 40 отсто од анкетираните лица имаат доверба во претседателот Радев, додека 41 отсто од испитаниците одговориле дека немаат доверба во него. Во минатото, Румен Радев имаше доверба кај мнозинството Бугари, односно околу 55 отсто од граѓаните му искажуваа доверба на бугарскиот претседател.

Истражувањето е спроведено во периодот од 10 до 20 декември, на национален репрезентативен примерок во Бугарија.

Последната анкета покажува дека кај бугарските граѓани се намалува довербата во политичарите. Па така, техничкиот премиер Галаб Донев има доверба од само 18 отсто од граѓаните, додека 43 отсто немаат доверба во него.

Резултатите од анкетата велат дека мнозински 51 отсто од бугарските граѓани сметаат дека сите политички партии кои влегоа во бугарскиот парламент ќе ја сносат одговорноста при неуспехот да изберат нова бугарска влада. Втор главен виновник за ваквиот неуспех е ГЕРБ на Бојко Борисов, за кого се определиле 14 отсто од граѓаните, додека 6 отсто од нив сметаат дека одговорноста треба да падне на партијата Промените продолжуваат.

Она што е најзагрижувачки за анкетата е дека речиси 85 отсто од бугарските граѓани сметаат дека Бугарија се движи во негативна насока, додека само 10 отсто од анкетираните лица одговориле дека земјата се развива во позитивна насока.

Анкетните резултати покажуваат дека ГЕРБ на Борисов има поддршка од 22,6 отсто од гласачите, додека Промените продолжуваат во моментов ја поддржале 16,2 отсто од испитаните лица. Доколку во моментов се одржат парламентарни избори во Бугарија, 12,2 отсто од граѓаните би гласале за ДПС, додека 10 отсто би ја поддржале проруската партија Преродба. Во бугарскиот парламент би можеле да влезат и Бугарската социјалистичка партија, која би освоила 9,6 отсто од гласовите, како и Демократска Бугарија која ја има довербата кај 8,3 отсто од анкетираните лица.

Партијата Бугарски подем, на чие чело е поранешниот технички премиер Стефан Јанев, би освоила само 2,6 отсто од гласовите и не би успеала да влезе во новиот состав на бугарскиот парламент. Под прагот од 4 отсто за влез во парламентот останува и партијата Има таков народ на Слави Трифунов

Извор: Мета

Tags: „Маркет линкс“Република БугаријаРумен Радев
Next Post
Од отворањето на изложбата во Белград која предизвика жестоки реакции на Бугарија

Бугарија огорчена на Србија по „антибугарската“ изложба во Белград: Генерирате омраза кон Бугарите

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk