Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Духот на времето, драги мои, е во тоа да се биде кул, во дехуманизираното, во играта, во сензациите, во аполитичното.
Се согласувам со Сузан Сонтаг.
Има средства кои на човекот му овозможуваат да биде кул независно од времето и стварноста, но вистински е кул само оној кој може тоа да го обезбеди од себе и за себе во реалностите на животот.
Такви какви што се.
Не во проекциите.
Во духовната спремност да ги совладуваме разликите меѓу проекциите и тековниот живот.
Што е многу различно од понудата на култот на лесната среќа.
Особено ако идиотлукот на култот се гледа од Џејмс Веб и без телескоп.
ВМРО-ДМПНЕ го содржи тоа и во името и во луѓето и во проекциите.
Бегајте од тоа срање.
Сношти го цитирав Џон Дјуи кој рекол:
Крајната цел е да се уважува светот, понекогаш огорчено, понекогаш повредено, но најдобро е кога ќе се пофали секогаш кога за тоа ќе се пружи прилика.
Јас мислам дека во Македонија имаме многу такви прилики.
Еве, и Нова година е таков феномен.
Да, но за тоа треба да се има храброст и морална вертикала.
Дјуи е сѐ друго само не пледоаје против промените на светот.
Зашто промените, ако се добронамерни, не можат да се случат ако не се темелат на уважување спрема оствареното. Ако се јавуваат како путинистичка дефекација од ѕидините на Кремљ по човештвото кое тука живее или минува на помало или поголемо растојание. Оти неговите смртоносни говна се разнесуваат со крстаречки ракети.
Има работи кои не зависат од револуционерната организација на Македонците.
Годините, на пример си врват и никакви блокади не можат да го спречат тој низ. Времето не е бугарско малцинство пред кое со нотарски оверени изјави околу вратот, ќе застане четата на војводата Жмицко и ќе рече: Во Преамбулата, само преку нас мртви.
Еве ја, дојде и 2023 година, а вмро уште не е на власт.
Кога ќе дојде – не се знае.
Комитата е како Ѓекна.
Нема предвремени избори, нема час поскоро.
Но, часови има.
Летаат.
Може да се случи со првата премиерска плата Жмицко да изгради јавен тоалет во кој македонскиот народ, кој толку многу го обожаваше (хахаха, дури и курот го болеше за него), ќе му се моча на среќата. Како на оној (не)среќник од Куршевел кој добил на лотарија многу пари кога имал уште повеќе години. И навистина изградил јавен сералник. А и Кавали зборуваше дека финансиските можности му се кренале во годините кога некои делови од телото претпочитале да му висат.
Сакам да кажам дека најблагородната идеја на времето се состои во независноста од Македонците.
Господ им ја оставил само илузијата дека можат да го закочат, но во суштина тие се кочат самите себе.
Вмро се лисици на тркалата на Македонија.
Стои Македонија, но стојат и тие.
Ќе скапат.
Никогаш нема да влезат на шоферското седиште.
Хахаха!
Освен тоа, времето може и да ги послуша и ако уште еднаш речат дека некои промени може да се случи само преку нив мртви…
И да ги испотепа.
Кррррррррр…
И аш, нема вмро.
Хахаха!
Никогаш не знаеме што може да направи времето.
Врз кое немаме контрола.
Затоа е најважно Македонија да го абортира.
Мислам-вмро-дпмне.
Па да истури голем дел од историјата како помија за свињите.
И на крајот да замине во прогонство од себе.
Не се учи од искуството-затоа што супстанцата постојано се менува.
И ова е од Сузана.
Некои викаат дека скопскиот земјотрес и поплавата ги предизвикал гневот божји поради скората појава на вмро. Во небеските релации шеесет години се само миг. Оваа со маглата и загадениот воздух е уште еден, јас колку што знам од инсајдерски извори, последен израз на тој гнев, по кој или ние ќе се откажеме од вмро или Господ ќе се откаже од грижата за нас
Измамникот никогаш не ја симнува маската. Тој секогаш изгледа сигурно, привлечно и љубезно. Никогаш не можеш да го доведеш своето искуство со него со она што подоцна ќе го дознаеш за него.
Затоа треба да го слушате Тричко и неговите говори за вмро.
Не ви треба после да дознаете како ве заебале, туку пред да ве заебат. Или кога веќе сте дозволиле одредена, богами длабока пенетрација, со едно движење да се ослободите. Да му го забиете бодежот на вмро како Розамунда Пајк на бившиот сопруг во филмот чиј наслов го заборавив, мислам дека партнер и беше Бен Афлек. Се сетив: „Исчезнатата“, на Дејвид Финчер.
На крајот посакувам ајкулата на времето да ги раскине социјалните мрежи во кои се зароби и се дави човештвото и ние сардините, орадите и зубаците, да испливаме во слободата на океанот.
Среќна Нова година!