Во текот на новогодишната ноќ, руските агресори во Украина не престанаа со воените дејствија. Украинските воени извори објавија дека на 31 декември, последниот ден од 2022 година, Русите „изведоа 31 ракетен напад и 12 воздушни напади, како и повеќе од 70 напади со ракетни системи (MLRS)“.
„Оштетена е цивилната инфраструктура на регионите Чернихив, Суми, Кијив, Хмелницки, Донецк, Запорижја, Миколаив и Херсон. Информациите за цивилни жртви се финализираат. Покрај тоа, непријателот лансираше 13 ирански борбени летала Шахед-136. Сите тие се уништени од украинските одбранбени сили. Заканата од непријателски воздушни и ракетни напади низ цела Украина останува висока“, се вели во извештајот.
Во текот на вчерашниот ден се водеа и борби на теренот. Вооружените сили на Украина одбиле непријателски напади во близина на девет населени места на 31 декември.
Според воените извештаи, украинските војници ги одбиле руските напади во околината на населбите Стелмахивка, Плошчанка, Билохоривка (регионот Луганск), Соледар, Бахмуцке, Бахмут, Озарјанивка, Маринка и Побиеда (регион Донецк).
ЦивилМедиа Деск / Civil.Today