ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Проштална средба Османи – Холштајн: Германија ќе продолжи со поддршка на европската иднина на Северна Македонија

January 3, 2023 12:26
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше проштална средба со германската амбасадорка во Скопје, Анке Холштајн, на која двајцата соговорници се согласија дека изминатите 30 години Северна Македонија и Германија остваруваат високо ниво на партнерски односи, кои ги карактеризира пријателство, меѓусебна доверба и почит, пренесува МИА.

Како што соопшти МНР, Османи изрази особено задоволство од досегашниот ангажман на амбасадорката Холштајн во Северна Македонија и нејзиниот придонес во развојот на билатералните односи меѓу двете земји.

– На средбата, министерот Османи ја истакна важноста на Берлинскиот процес во поддршката на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан со цел поскоро приклучување кон европското семејство, истакнувајќи го притоа значењето на потпишаните договори за време на Самитот на лидери на земјите од Западен Балкан, за кои на Северна Македонија и е доверена депозитарната функција, се наведува во соопштението. 

Амбасадорката Холштајн, пак, потврди дека Германија ќе продолжи силно и одлучно да ја поддржува европската иднина на Северна Македонија, изразувајќи задоволство од големите надворешно-политички чекори кои ги постигна земјата за отпочнување на пристапните преговори. 

Голем дел од разговорот беше посветен на актуелното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во текот на 2023 година. Безбедносните прашања, руската инвазија врз Украина и последиците со кои европските земји се соочуваат, исто така беа предмет на дискусија меѓу двајцата соговорници, кои ја истакнаа важноста на НАТО за зачувување на евро-атлантската безбедност, стои во соопштението на МНР

Tags: Анке ХолштајнБујар ОсманиГерманијаСеверна Македонија
Next Post

Намалена видливост поради магла на патиштата во голем дел од земјата

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk