ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Kривична пријава против поранешен градоначалник на Неготино и други три лица за „злоупотреба на службена положба и овластување“

January 4, 2023 12:02
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“,  поднесе кривична пријава против четири лица: В.А.(59), З.Л.(41), Ѓ.Т.(37), тројцата од Неготино и И.З.(40) од неготинско село, информираат од МВР.

„Лицата делото го сториле така што З.Л., вработен во Општина Неготино, во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, заедно со Ѓ.Т. и И.З. вработени во Општината, членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка, во текот на 2014 година со неизвршување на своите службени обврски постапиле спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки. Тие без да обезбедат согласност од Советот за јавни набавки, распишале оглас за набавки за работи – рационализација и унапредување на јавна водоснабдителна мрежа на подрачје на Општина Неготино. Исто така, пријавените во огласот за набавки предвиделе критериуми и технологија која упатува на конкретно производство, наведувајќи критериуми кои дискриминираат и ја ограничуваат конкуренцијата и го објавиле без да бидат точно наведени кои позиции и што ќе се изведува. На овој начин, тројцата спротивно на законот, спровеле постапка за јавна набавка и изготвиле Извештај во кој дале предлог за најповолна понуда да се одбере конкретна понуда од група понудувачи“, истакнуваат од МВР.

Како што посочуваат од МВР, првопријавениот В.А., во својство на тогашен градоначалник на Општина Неготино, кривичното дело го сторил со неизвршување на својата службена должност, иако бил должен да донесе посебна Одлука за изработка на основен Проект, врз основа на кој ќе се распише набавка за изведба, и иако имал обврска да увиди дека постапката не е спроведена согласно Законот за јавни набавки, тој со кршење на одредбите од Законот донел Одлука за избор на најповолен понудувач и во име на Општина Неготино со група понудувачи на 29.08.2014  склучил Договор за проектирање и изведба на работи за рационализација и унапредување на јавниот водоснабдителен систем во Општина Неготино со вкупна вредност на договорот  од 21.237.740,48 ден. (или 345.330 EUR).

„Со ваквите инкриминирани дејствија и со непостапување согласно своите службени овластувања пријавените го сториле делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик, со што овозможиле на правни лица да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 21.237.740,48 денари“, се наведува во соопштението од МВР

 

Tags: кривична пријаваНеготино
Next Post
ЕСМ. Фото: Фронтлајн

Турската компанија АКСА заинтересирана за соработка со АД ЕСМ за инвестиции во енергетиката

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk