Точно три часа по Фејсбук објавата на Зоран Заев во која тој ги демантира шпекулациите дека сака да се врати во политиката, се јави Груевски, објави ЦивилМедиа.
Груевски се нафрли со навредливи изрази и со безброј, веќе познати, обвинувања на сметка на својот лут политички опонент, човекот кој со ненасилни методи, го сруши од тронот на власта.
На Груевски му успеа да го потцени македонскиот јазик и ЕУ и НАТО во само неколку редови.
„… име на држава и на јазикот за кој Заев е среќен што се регистрирала некоја НВО во Грција со за нас звучно име, за која таму никој не знае, ниту пак има било какво најмало влијание во тоа општество, во Европа или во светот.“
Во овој дел, Груевски зборува, ни помалку ни повеќе, туку за Центарот за македонски јазик во Грција! Не го ни спомна македонскиот јазик, туку го нарече „јазикот за кој Заев е среќен што се регистрирала некоја НВО во Грција“.
Толку од патриотизмот.
Подолу во објавата, Груевски пишува:
„… цело време акцентот му е на тоа дека обезбедил ова или она околу НАТО, ЕУ, соживотот и сл.“
Без ни малку такт, Груевски и во овој дел од својата објава, покажува колку ги потценува и процесите кои се водат во земјата и самите НАТО, ЕУ и соживотот во земјата. Притоа, мора да се забележи, оваа објава на Груевски е преполна со правописни грешки. Долгиот текст на објавата содржи и други делови од кои може да се заклучи дека Груевски е многу нервозен и се служи со навредлив и клеветнички вокабулар.
Оваа објава од бегалецот од правдата дефинитивно може да се означи и како говор на омразата, оценуваат во Цивил.
Ние можеме да додадеме само дека оваа објава на Груевски слободно може да се смести во рубриката СКАНДАЛИ.