ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во САД ослободена аналитичарката која шпионираше за Куба

January 8, 2023 11:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото извор: МИА

Фото извор: МИА

Поранешната аналитичарка на американско воено разузнавање Ана Белен Монтес, осудена за шпионирање во корист на Куба пред 20 години, е ослободена од федералниот затвор во Форт Ворт, Тексас.

Монтес (65) беше уапсена во септември 2001 година и осудена за шпионажа за Куба.

Таа во 2002 година се изјасни за виновна  како дел од спогодбата за признавање на вината со федералните обвинители и беше осудена на 25 години затвор поради што „цела нација“ ја довела во опасност.

Таа призна дека им го открила идентитетот на американските тајни агенти на кубанските власти и и се закануваше смртна казна.

Меѓутоа, за разлика од другите шпиони од висок профил, Монтес била мотивирана од идеологијата, а не од личната корист. Таа се согласила да работи за кубанското разузнавање делумно затоа што била против политиката на администрацијата на поранешниот претседател на САД, Роналд Реган во Јужна Америка.

Според извештајот, на Монтес првпат и се обратил колега од Универзитетот Џон Хопкинс во 1984 година, откако таа го изразила своето несогласување со американските акции во Никарагва, а подоцна била запознаена со агент на кубанската разузнавачка служба во Њујорк и „без двоумење се согласила да работи за Кубанците со цел и да и помогне на Никарагва“.

Извор: МИА

Tags: МонтесСАДшпионажа за Куба
Next Post
Фото извор: МИА

Борел: Светот во 2022 година стана полошо место за човековите права

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk