ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Борел: Светот во 2022 година стана полошо место за човековите права

January 8, 2023 11:17
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото извор: МИА

Фото извор: МИА

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика Жозеп Борел вчера на својот блог напиша дека минатата година „светот станал полошо место“ поради кршење на човековите права, судирите и кризите во Украина, Иран, Етиопија, Авганистан, Мјанмар, Кина и на други места.

Според него, 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, светот е поинакво место поради поголемите геополитички поделби, новите технологии што се користат за масовен надзор и репресија и ефектите од климатските промени што иницираат судири.

– Мораме да запомниме дека човековите права и демократијата не се вредности што ја дефинираат Европа, туку вредности што го дефинираат човештвото. Исто така, треба да запомниме дека одбраната и промовирањето на човековите права и демократијата започнува дома, истакнува Борел.

Според него човековите права се во основата на односите на ЕУ со остатокот од светот и оти истите се клучен приоритет на надворешната политика на ЕУ.

– Формираме опсерваторија за собирање на информации за геноцид, злосторства против човештвото и други сериозни прекршувања на човековите права. Нудиме финансиска поддршка за заштита на бранителите на човековите права од 30 милиони евра за следните три години, наведе Борел.

Тој додаде дека ЕУ мора повеќе да работи против неказнивоста и да обезбеди одговорност преку поддршка за Меѓународниот кривичен суд за руските воени злосторства во Украина.

– Други конкретни области ја вклучуваат потребата да се обезбеди дека технологиите за дигитална трансформација и надзор не се користат за ограничување на човековите права, да се продолжи со работа со земјите, кои се најпогодени од климатските промени и да се работи со партнерите за правото на развој и борбата против расната дискриминација, посочи Борел.

Извор: МИА

Tags: БорелвредностидемократијаЕУруски воени злосторстваУкраиначовекови права
Next Post
Фото извор: МИА

Џачка: Вештачки се тензиите помеѓу Косово и Србија

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk