ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лидерите на партиите на Албанците утре на средба со Рама во Тирана

January 9, 2023 13:03
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Лидерите на политичките партии на Албанците во земјава утре се очекува да заминат на средба во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама, пренесува МИА.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека утрешниот состанок во Тирана е новогодишна средба со цел размена на мислења по однос на актуелните прашања во регионот и посакување успех во годината која што е пред нас и апелираше да не се создава „некаква конспирација“ во врска со неа.

Според Османи, за средбата нема однапред предвидена агенда за која што ќе се разговара и таа ќе претставува можност за комуницирање и размена на идеи, информации, и ставови за добробит на регионот и на Северна Македонија и Албанија.

– Можам да кажам дека премиерот на Албанија е докажан пријател на Република Северна Македонија, посебно тоа го докажа во текот на овие години и месеци преговори со Република Бугарија, кога буквално некогаш на сметка и на интересите на Албанија, ги кажуваше позициите и на Република Северна Македонија во тој дел. Навистина не сметам дека треба да се создаде некаква конспирација по однос на овие средби, рече Османи.

Од Алтернатива и Алијанса за Албанците за МИА потврдија дека добиле покана за средбата и дека ќе одат неа, без да прецизираат детали, додека пак од Движењето Беса истакнаа дека одговориле позитивно на поканата, но „нема да седат на иста маса со лидерот на ДУИ Али Ахмети“.

– Исто како што сме одговориле позитивно на сите покани за средби и во овој случај ја потврдуваме поканата, како и нашето присуство на вечерата организирана од премиерот Еди Рама, изјавија за МИА од Алијанса за Албанците.

Од Алтернатива потврдија дека претседателот на партијата Африм Гаши ќе присуствува на средбата, но дека не се знае за што ќе се разговара.

И од Беса за МИА потврдија дека е добиена покана за средба од страна на Рама и дека позитивно одговориле на неа. Но, според портпаролот на Беса, Фарук Авдиу, иако партијата нема дилеми во чесните намери на Рама, сепак се загрижени дека Али Ахмети би можел да ја злоупотреби средбата, бидејќи секогаш „кога тој има проблеми злоупотребува вакво нешто“.

– Ние, како Движење БЕСА немаме ниту една дилема во однос на чистата намера на премиерот на Албанија за она што се интересира за политичката ситуација во Република Северна Македонија. Нашата грижа како Движење е во врска со ДУИ и Али Ахмети, за неговите игри во врска со овие средби, бидејќи секогаш кога тој има проблеми злоупотребува вакво нешто. Затоа позитивно одговараме на поканата на премиерот, но не гледаме логика да седнеме на маса со ДУИ и Али Ахмети, рече Авдиу.

Средба од ист ваков формат со Али Ахмети, Зијадин Села и Биљал Касами, Рама организираше на 29 декември 2016 година во Тирана, од која произлезе заедничка Декларација на албанските политички партии за зачувување на интересите на Албанците. Таа предвидуваше „целосна јазична еднаквост“, вклучувајќи го статусот на албанскиот јазик во Уставот, еднаков регионален развој, меѓународни комисии за „целосно расчистување на судските монтирани случаи“, како и „сеопфатна дебата за државното знаме, химна и грбот на начин на кој што државните симболи ќа ја рефлектираат социјалната мултиетничност и еднаквост“. Лидерите потписници на Декларацијата се заложија и дека ќе ја продолжат работата за да ги остварат овие обврски.

Последната средба на партиите потписнички на заедничката Декларација се одржа во јули 2017 година. По неа, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, свика уште една средба, но таа беше бојкотирана од другите лидери поради неговата јавна изјава дека „не седнува со никаквеци“. Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами имаше уште еден обид да ги седне заедно лидерите на албанските партии на 7 ноември минатата година за да разговараат за измени на Амандманот 5 во Уставот со кој би се сменила формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“, но неговиот обид заврши безуспешно

Tags: Бујар ОсманиЕди РамаТирана
Next Post

Османи: Критиките на т.н. „Огнената група“ се неформални и неверодостојни за коментар

НАЈНОВО

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

August 18, 2025
Фото: принтскрин

Армијата – столб на стабилноста и мирот, преку три децении ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината

August 18, 2025
Фото: МО 

Сиљановска-Давкова: Блокадата на евроинтеграциите добива карактер на сериозен безбедносен ризик за Западен Балкан и ЕУ

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk