ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бразилската полиција ги опколи протестните кампови по нападот на Конгресот, животот во Бразилија се враќа во нормала

January 9, 2023 15:41
in PMD, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Полицијата ги растура десничарските кампови во Бразил/ BBC

Фото: Полицијата ги растура десничарските кампови во Бразил/ BBC

Полицијата ги опколи протестните кампови во Бразил откако вчера приврзаниците на поранешниот претседател и лидер на екстремната десница, Жаир Болсонаро упаднаа во владините згради во главниот град, пренесува Би-Би-Си.

Полицијата пристигна во кампот пред седиштето на бразилската армија во Бразилија за да ги отстрани поддржувачите на поранешниот претседател Жаир Болсонаро.

Во моментов не е јасно дали демонстрантите мирно ќе го напуштат кампот. Многу од нив се уште се во своите шатори, но се чини дека некои почнаа да се пакуваат.

Илјадници демонстранти ја ограбија зградата на Конгресот, како и претседателската палата и Врховниот суд во Бразилија во неделата.

Стотици луѓе се уапсени, а гувернерот на Бразилија е суспендиран поради безбедносни пропусти..

Болсонаро ги загуби претседателските избори од левичарот Луис Инасио Лула да Силва во октомври, откако сееше неосновани тврдења за гласачките системи.

Многу од неговите поддржувачи одбија да го прифатат резултатот, а некои кампуваа пред армиските згради низ целата земја повикувајќи на воена интервенција.

Судијата на врховниот суд сега нареди да се уништат камповите надвор од штабот на армијата во Бразилија – и на други локации.

Болсонаро негираше дека го охрабрил нападот во неделата, велејќи дека она што се случило го надминало демократскиот протест.

Сè погласни се повиците до американскиот претседател Џо Бајден да го екстрадира Болсонаро од САД. 67-годишникот минатата недела отпатува за Флорида за да избегне да присуствува на инаугурацијата на претседателот Лула, како што е традиција во Бразил.

Светските лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, ги осудија немирите како напад врз демократијата.

И Папата Франциск го додаде својот глас на меѓународната осуда за време на неговото новогодишно обраќање пред амбасадорите.

Аргентинскиот понтиф наведе „разни земји од Америка каде што политичките кризи се оптоварени со тензии и форми на насилство што ги влошуваат социјалните конфликти“.

„Мислам на овие последни часови во Бразил“, рече тој. „Во многу области, знак за слабеење на демократијата е засилената политичка и социјална поларизација, која не помага да се решат итните проблеми на граѓаните.

Во понеделник  наутро метрото е повторно отворено, луѓето тргнаа на работаа и патиштата се бучни од сообраќај. Животот се враќа во нормала, пазарџиите ги завиваа ролетните, а некои луѓе беа на утринското џогирање, пиеја кафе во кафулињата, се упатуваа кон теретана, трчаа во супермаркет.

Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа

Tags: БалсонароБразилполицијапротести
Next Post

Осум години по нападот врз „Шарли Ебдо“, псевдоновинарството ги става во опасност карикатуристите

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk