ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Цементарница УСЈЕ: Не сме причинител на загадувањето на воздухот во Скопје, немаат логика какви било блокади

Компанијата потенцира дека моментно, од вкупната количина на енергенси што ги користи, на алтернативно гориво отпаѓа четири проценти.

February 4, 2020 18:46
in ЗЕЛЕНА СТРАНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сите релевантни мерења на емисиите докажуваат дека УСЈЕ не е причинител на зголеменото загадување на воздухот во Скопје, немаат логика какви било блокади на Цементарницата, се посочува во соопштението од компанијата испратено до јавноста во врска со протестот најавен за утре од активистите од групата Чист воздух, како и претставниците на О2 коалиција.

Компанијата потенцира дека моментно, од вкупната количина на енергенси што ги користи, на алтернативно гориво отпаѓа четири проценти.

Дополнително, неспорен аргумент, посочуваат, е дека УСЈЕ ги имплементира сите домашни и европски регулативи од областа на заштитата на животната средина во индустријата. УСЈЕ ништо не крие и постојано е отворена за сите заинтересирани граѓани, активисти и невладини организации, затоа што, како што наведуваат, веруваат во отворена, аргументирана и одговорна дебата. Од компанијата потесетуваат и дека досега неколку пати директно упатиле покани до активистите од групата Чист воздух, како и претставниците на О2 коалиција за да ги потсетат за детално да се запознаат со начинот на работа на Цементарница и во отворен и директен разговор да ги разменат аргументите.

-И покрај нашата подготвеност за дијалог со сите заинтересирани страни, продолжува неаргуметираниот напад врз компанијата со целосно неточни и невистинити тврдења кои ниту се потврдени од релевантни фактори, ниту пак за тоа постојат реални докази. Ваквата состојба во која е ставена нашата компанија не води кон подобрување на состојбите, бидејќи тоа е можно само со аргументи и со реални показатели и факти, а истовремено е крајно неодговорна. Сите мора да сносиме одговорност за јавно искажаниот збор. Апелираме да не се шират непроверени информации и шпекулации за оваа важна тема, затоа што тие, покрај врз компанијата, нанесуваат штети и во напорите за лоцирање на вистинските проблеми со амбиенталниот воздух во нашиот град и врз преземањето ефективни мерки за почист воздух, а единствено имаат популистички ефект, стои во соопштението.

Искрената борба за чист воздух и здрава животна средина, според УЈСЕ, се гради исклучиво врз аргументирани факти, и истовремено подвлекува дека сите мерења на емисиите докажуваат дека УСЈЕ не е причинител на зголеменото загадување на воздухот во градот.

-Континуираните 24-часовни независни мерења, врз кои немаме можност да влијаеме, покажуваат дека емисиите на Цементарница се постојано под, а во делови и неколкукратно пониски од законски дозволените вредности, наведуваат од Цементарницата.

Од УСЈЕ посочуваат и дека минатата година започнале со користење алтернативни горива во целосно транспарентен процес, а на новата инвестиција и претходеле јавни расправи, презентации и информации до медиумите, јавноста, невладините организации, граѓаните и институциите.

-Употребата на алтернативните горива спаѓа во групата на еколошки технологии. Ваквите технологии повеќе децении се користат во развиените индустриски земји и во Европската Унија и претставуваат едно од најефикасните решенија, покрај другото и за проблемот со ширењето на депониите за отпад. Во некои земји од Европската унија, употребата на алтернативни горива во цементната индустрија е над 50 проценти од потребите за енергенси – Германија со 65 проценти, Чешка 62 проценти, Белгија 53 проценти, Полска 52 проценти, Шведска 48 проценти. Генералниот просек во Европската Унија изнесува 41 процент (2017 година). Во УСЈЕ, моментно, од вкупната количина на енергенси што ги користиме, на алтернативно гориво отпаѓа четири проценти, стои во соопштението на Цементарница УСЈЕ. 

Next Post

Деспотовски: Не може Мицкоски да уценува со политичка криза

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk