ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Кој го дезинформира Рама за политичката реалност во Северна Македонија, дали Мицкоски и Апасиев му забрануваат на Касами да оди во Тирана

January 10, 2023 12:13
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

И денеска фокусот на македонските медиуми на албански јазик е насочен кон најавената вечерашна средба на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија. Изјавата на лидерот на Беса, Билал Касами, дека не ја одбива поканата, но нема да седи на иста маса со Ахмети, но и инсинуациите од одредени аналитичари дека всушност дека Беса постапува според инструкции од ВМРО – ДПМНЕ. Медиумите  во Албанија дел од фокусот го насочуваат кон новите хакерски напади, овој пат во банките. Ова е дел од изборот темите од албанските медиуми во регионот што ги подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.

ЗУРТАРЕ НЕТ- Касами: Некој од Македонија го дезинформира господинот Рама за политичката реалност

„Мислам дека премиерот Еди Рама има добри намери за Албанците во Македонија, исто како и за целото албанско прашање на Балканот, но како што изгледа блискоста што ја има со раководството на ДУИ и сегашните албански лидери во власта, го дезинформираат за случувањата во Северна Македонија и не ја прикажуваат реалноста како што треба“, изјави  лидерот на Беса Билал Касами, пренесе Зуртаре.Нет.

ДИТАРИ МК – Мицкоски и Апасиев и забрануваат на Беса да се сретне со Еди Рама

„Знаејќи дека Касами ја доби општина Тетово со помош на гласачкото тело на ВМРО и имајќи ги предвид честите јавни и нејавни средби со Мицкоски, се појасно станува политичкиот вазализам на Движењето Беса кон македонските опозициски партии. .

Дали Мицкоски и Апасиев и забрануваат на Беса да се сретне со Еди Рама, исто како што и забрануваат да гласа за уставни измени и напредок на државата кон интеграција во Европската Унија?!“, извадок од едиторијалот „Мицкоски и Апасиев и забрануваат на Беса да се сретне со Еди Рама“, објавен во ДИТАРИ МК.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Договорот меѓу Косово и Србија на повидок?

„На крајот на минатата година до властите во Косово и Србија беше доставен план на Европската унија, кој во јавноста е познат како француско-германски план.

Во нацртот на овој предлог, кој го виде Радио Слободна Европа, не се споменува меѓусебно признавање, но изгледа дека служи како платформа за посеопфатен договор.

Можеби најважниот дел од предлогот е „двете страни меѓусебно да ги признаваат националните документи и симболи, вклучувајќи ги пасошите, дипломите, автомобилските таблички и царинските печати“, извадок од анализата “Договор помеѓу Косово и Србија на повидок? Објавена во косовскиот медиум Газета Експрес.

ШЕКУЛИ: Хакери објавија  банкарски сметки на граѓани и фирми

„Хакери на „Homeland Justice“ објавија на Телеграм список со имиња на некои компании и граѓани и тврдат дека ги обезбедиле нивните банкарски сметки.

До имињата и идентификациските броеви има колона што го прикажува салдото на сметката.

Нејасно е на која банка припаѓаат наведените клиенти, но таму се нотирани имињата на некои од најголемите компании во Албанија, вклучително и јавните претпријатија како КЕШ или ОСТ.“, пренесе албанскиот медиум Шекули.

КОХА: 1133 во Косово, 3372 во Босна

„Ова не се апстрактни бројки. Зад овие бројки има детски имиња. Толку многу деца беа убиени од српските агресори во Босна и Косово во 90-тите, но ова темно поглавје не е тема во српската јавност во Србија и Босна. Трагичниот ,и за осуда случај  во Штрпце, каде беа повредени двајца млади Срби, е типичен пример како српската пропаганда злоупотребува инцидент за потреби на дневната политика. Има најмалку три случаи на убиства на Албанци во Прешевската Котлина кои никогаш не биле на виделина од српските власти.“, извадок од колумната „1133 во Косово, 3372 во Босна“, од Енвер Робели, објавена во Коха.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа


Tags: БесаЕди РамаКасамиМицкоски и Апасиев
Next Post

Повторно се доделуваат „Златни глобуси“, домаќин ќе биде комичарот Џерод Кармајкл

НАЈНОВО

Скриншот

Финалето на Stranger Things ќе се прикажува во кино на Нова година

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025

Почна да се гради „Градски воз“: Првата линија готова за шест месеци, брзата пруга во употреба од 2028

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk