ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи во посета на Виена – земјава го започнува претседавањето со ОБСЕ оваа година

January 11, 2023 11:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација на Република Северна Македонија, предводена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ја започнува официјалната посета на Виена во својство на претседавач со ОБСЕ во 2023 година.

Како што соопшти МНР, согласно работната агенда, Османи денеска ќе се сретне со министерот за надворешни работи на земјата-домаќин на ОБСЕ, Александар Шаленберг, по што ќе одржи брифинг за претставниците на медиумите со кои ќе сподели информации за програмата на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023.

Османи утре ќе одржи средба со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит, по што ќе следи главниот настан и неговото обраќање пред Постојаниот совет на ОБСЕ во својство на претседавач, кога е предвидено да ја презентира Програмата на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата.

–Во своето обраќање, министерот Османи ќе се осврне на предизвиците со кои ќе се соочи Северна Македонија за време на претседавањето со најголемата светска регионална безбедносна организација во 2023 година, имајќи ја притоа предвид длабоката, политичко-безбедносна и економска криза во која се наоѓа регионот на ОБСЕ. Пред Постојаниот совет, Османи ќе ја презентира програмата на претседавање под мотото „За луѓето се работи“, во која примарен фокус ќе бидат токму луѓето и хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност, се наведува во соопштението.

Во текот на денот, предвидени се средби на Османи и со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Алаин Берсет, со чија земја Северна Македонија континуирано одржува цврсти билатерални односи. На средбата, се посочува, ќе бидат разменети мислења за актуелните случувања во регионот на ОБСЕ, како и за нејзината улога во справувањето со последиците предизвикани со руската агресија врз Украина.

На третиот и последен ден од посетата на Виена, Османи ќе се сретне со раководните структури на независните институции, како што е ОДИХР, со другите извршни тела на Организацијата, како и со шефовите на теренските мисии, вклучително и серија состаноци со специјалните претставници на претседавачот, стои во соопштението

Tags: Бујар ОсманиВиенаМНРОБСЕпретседавач со ОБСЕРепублика Северна Македонија
Next Post

Заврши средбата во Тирана – „Вечера за почеток на новата година“

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk