Шефот на шведската дипломатија, Тобиас Билстром истакна дека Европска Унија е „подготвена за долга војна“ во Украина и оти ќе го поддржи Кијив против руската агресија „колку што ќе биде потребно“.
– И покрај постојаните обиди на Русија да не подели, единството во ЕУ и преку Атлантикот беше силно. ЕУ е подготвена за долга војна и ќе ја продолжи политичката, економската, воената и хуманитарната поддршка за Украина сè додека е потребно, наведе Билстром.
Тој исто така најави дека ЕУ ќе продолжи да работи на дополнителни санкции против Москва за инвазијата врз Украина, откако претходно беа усвоени девет пакети мерки од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година