Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денес во Лавов се состана со претседателот на Полска, Анджеј Дуда и претседателот на Литванија, Гитанас Науседа.
„Уште од првите денови на руската инвазија, ја почувствувавме поддршката од нашите братски народи на Полска и Литванија. Благодарен сум на Анджеј Дуда и Гитанас Науседа што дојдоа и остварија посета на Украина. Ви благодарам што му помагате на нашиот народ“, рече Зеленски.
Извор: Укринформ