ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: За двајца функционери се покренати постапки од надлежните институции

January 12, 2023 20:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска вечерва изјави дека за двајца од тројцата функционери за кои нејзиниот Кабинет иницираше постапки поврзани со злоупотреба, веќе се покренати постапки од надлежните институции.

„За два веќе имаме фидбек дека има покренато и немам намера да кажувам имиња или да правам сензационализам од ова. Ние треба да ги прифаќаме ваквите работи како нормалност. Ако некој го прекршил законот за него треба да има постапка“, рече Грковска во „Тема на денот“ на телевизија Сител.

За повлекувањето од функција на поранешната претседателка на Судскиот совет Павлина Црвенковска поради интереси на „судско-бизнис елитата“, Грковска рече дека ако претседател на Судски совет излезе со таква изјава во јавност, очекува истата да пријави и да се покрене постапка.

Во однос на американската „црна листа“ на санкции, вицепремиерката рече дека не се оптоварува многу со тоа, затоа што е механизам што САД го практикуваат не само за нашата, туку и за останатите држави години наназад.

„Првиот момент кога списокот ќе биде спремен за објавување тоа САД ќе го направат, јас не се оптоварувам кој ќе биде на таа листа, ние треба да бидеме загрижени за нашите секојдневни проблеми и прашања и да се справуваме со нив“, нагласи Грковска, посочувајќи дека при вчерашната посета на советникот на Стејт Департментот Дерек Шоле немала средба со тимот за санкции.

Таа додаде дека за справување со корупцијата се потребни храбри луѓе со интегритет кои не се плашат да пријават корупција и кои не се подлежни на какви било влијанија, затоа што се убедени во исправноста на нивните одлуки.

„Има ефект ако некој се одважи да пријави во обвинитлство, а тоа поведе постапка и да имаме судска завршница. Довербата на граѓаните особено во правосудниот систем е многу мала, полесно ќе и беше на оваа Влада доколку состојбите во правосудниот систем беа многу подобри“, рече Грковска.

Tags: покренати постапкиСАДСлавица Грковскацрни листи
Next Post

Петров: На државата и се приоритет енергетиката и борбата со криминалот, а не избори

Shortcut

Најново

Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

June 3, 2026

СДСМ: Апсењето на Богоев е монтиран случај на Мицкоски за дефокусирање од критиките на Антонио Кошта

June 3, 2026

Пет распродадени изведби во Загреб за новиот проект на Александар Поповски и Кирил Џајковски

June 3, 2026

Тренчевска: Со ВМРО, Македонија е само лидер по сиромаштија, криминал и изолација

June 3, 2026
Фото: ВЛЕН

ВЛЕН: Албанскиот ансамбл се комплетира со 45 решенија за вработување

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk