ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нема простор за декларативна поддршка за ЕУ – до ноември може да се направи многу, изјави Ковачевски

January 13, 2023 13:00
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не сум човек кој дошол на позиција за некого да убедува или разубедува, туку за да спроведува поставените стратешки цели. До ноември може да се направи многу, но секој треба да биде одговорен и на ниво на задачата и на обврската кон граѓаните и кон државата. Нема простор за декларативна поддршка за ЕУ, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој одговори на новинарско прашање за процесот на уставни измени, изледите тие да се спроведат, со оглед на тоа што самиот процес трае околу шест месеци, а се услов за отворање на кластерите со ЕУ, што се очекува кон крајот на годината, по завршување на билатералниот скрининг.

-Јас не сметам дека шест месеци е кус период, до ноември има 10 месеци, и воопшто не сметам дека е тоа кус период за 10 месеци може да се направат многу позитивни работи. Секако секој треба да биде одговорен да биде на ниво на задачата и на обврската кон граѓаните и кон државата. Јас не сум човек кој дошол на позиција за да некого убедува или разубедува, туку за да спроведува стратегијата и целите кои што државата ги поставила пред 31 година. Јас како политичар и како човек и мојата политичка партија се водиме од стратегиите и целите на државата за полноправно членство во ЕУ, исто така како што се водевме од целта Северна Македонија да стане членка на НАТО и станавме, рече премиерот денеска по настанот, на кој заедно со директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски информираа за првата нова инвестиција во 2023 и за резултатите во зоните

Ковачевски нагласи дека истите политички сили и тогаш не го поддржале членството во НАТО, како што сега не го поддржуваат членство во ЕУ, но изрази уверување дека во земјава постојат доволно политички сили, кои се европски ориентирани и кои сакаат да им овозможи на граѓаните, а особено на младите европската просперитетна и побогата иднина во нивната родна држава.

Во однос на најавата дека ќе се интензивираат преговорите за уставните измени, тој посочи дека процесот на уставни измени има рамка пропишана со закон и со Уставот на државата и е процес кој бара експертска и политичка вклученост, заради што се водат разговори на политичко ниво, за постигнување поширок општествен и политички консензус.

-Во таа насока беше и лидерската средба која што ја бев свикал кон крајот на минатата година со цел да може да ги видиме позициите на сите политички партии. Овие уставни измени и се потребни на државата за да може да го продолжи својот европски пат до полноправно зачленување во ЕУ. Така што не постои простор за декларативна поддршка на ЕУ, како што некој мисли дека треба да ја има, туку сега треба да имаме и навистина политичка поддршка на пристапувањето во ЕУ, бидејќи кочење на таков процес значи дека прв пат државата сама себеси ќе се кочи, посочи Ковачевски.

Во однос на можноста за нова лидерска средба, во моментов, рече не е планирана, но не ја исклучува таква можност на која што ќе може повторно да разговараат за најзначајните прашања, како што се справувањето со енергетско-економската криза.

-На последната лидерска средба не разговаравме само за уставните измени, бидејќи во државата има голем број на предизвици, а тоа е пред се енергетската и економската криза и јас таму во детали ги информирав лидерите на сите парламентарни партии, освен оние двајца кои не присуствуваа на таа средба за тоа што прави државата и кои се плановите во однос на енергетската криза, рече Ковачевски.

Тој се осврна и на преземањето на претседавањето со ОБСЕ.

-Ние сме и држава која што претседава со ОБСЕ, тоа е една исклучително голема обврска, одговорност, но и можност за промоција на Северна Македонија како држава, која го предводи процесот на унапредување на мирот и безбедноста во Европа и особено во вакви геостратешки услови каде на териортијата на Европа се води војна. Тоа бара ресурси, но и вклучување на сите капацитети, кои ги има државата. Османи вчера ги претстави приототетите на нашето претседателство, на почетокот на идната недела ќе биде во Украина бидејќи тоа е врвен приоритет на безбедноста и стабилноста во Европа. И јас ќе одам на почекток на фервруари, каде ќе имам средба со Зеленски, рече премиерот Ковачевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Димитар КовачевскиЕУ

НАЈНОВО

Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk