Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на силниот W40 турнир во Талин, Естонија.
По победите во првите три кола против Radka Zelnickova од Словачка, Andrea Lazaro Garcia од Шпанија и Deborah Chiesa од Италија, Ѓорческа во полуфиналниот меч извојува победа и против турската тенисерка Zeynep Sonmez (6-3 ; 6-2).
Со оваа победа таа веќе обезбеди нови 42 поени и ќе напредува за повеќе од 20 места на WTA листата. Во утрешното финале Лина Ѓорческа ќе игра против 5 години постарата Белгијанка Yanina Wickmayer, којашто во еден момент во својата кариера беше и на 12-то место на ранг листата на најдобри тенисерки во светот.
Евентуална победа за Лина би значело нови 28 поени, пробив до околу 190-тото место на WTA листата и обезбедено учество на најсилните турнири во светот оваа година, Roland Garros, Wimbledon и US Open.
Ацо Лукароски