ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Победа за слободата на печатот на Филипини – ослободителна пресуда за нобеловката Марија Реса и нејзината новинска агенција Раплер

January 18, 2023 15:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
REUTERS/Eloisa Lopez

REUTERS/Eloisa Lopez

Добитничката на Нобеловата награда за мир Марија Реса и нејзината новинска агенција Раплер, денес беа ослободени од обвиненијата за даночно затајување, за кои рече дека се меѓу мноштвото правни случаи што ги користел поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте за да се обиде да го запре критичкото известување.

Од CNBC пренесуваат дека филипинскиот Апелациониот суд пресуди дека обвинителите не успеале да докажат дека Реса и Раплер избегнале плаќање данок во четири случаи, откако го подигнале капиталот преку партнерства со двајца странски инвеститори.

„Ослободителната пресуда на обвинетиот се заснова на наодите на судот дека обвинетите не го извршиле кривичното дело“, се вели во својата одлука на судот.

Раплер ја поздрави судската одлука како триумф на фактите над политиката.

„Му благодариме на судот за оваа праведна одлука и за признавањето дека измамничките, лажни и слаби обвиненија поднесени од Бирото за внатрешни приходи немаат никаква основа“, се вели во соопштението на Раплер и додава дека несакана одлука би имала далекусежни последици и на печатот и на пазарите на капитал.

„Денес победуваат фактите, победува вистината, победува правдата“, ја цитира Раплер изјавата на Реса по објавувањето на пресудата.

Инаку, Реса ја доби Нобеловата награда со рускиот новинар Дмитриј Муратов во 2021 година за борба за опстанок на нивните новински организации, пркосејќи им на напорите на владите да ги затвори. Двајцата беа почестени за нивните напори да ја заштитат слободата на изразување, што е предуслов за демократија и траен мир.

Даночните обвиненија против Реса и Раплер произлегоа во 2018 година од посебното обвинение на Комисијата за хартии од вредност, дека веб-страницата на новинската агенција Раплер добивала средства од странски инвеститори, така што ја прекршила уставната одредба, која забранува странска сопственост и контрола на филипинските медиумски компании.

Филипинската комисија потоа нареди затворање на Раплер врз основа на тврдењето, кое таа го негираше и поднесе жалба велејќи дека е новинска компанија во целосна сопственост и контролирана од Филипинци.

„Ниту една добивка или приход не е остварена од обвинетите во предметните трансакции“, соопшти судот.

Раплер, основана во 2012 година, беше една од неколкуте филипински и меѓународни новински агенции, кои критички известуваа за бруталната акција на Дутерте против нелегалните дроги што остави илјадници мртви, а тоа беа претежно ситни криминалци осомничени за дрога. Раплер известуваше и за справувањето на Дутерте со коронавирусот, за долготрајните заклучувања наметнати од полицијата, како и за продлабочената сиромаштија, која предизвика една од најлошите рецесии во земјата.

Подготви: А.Р.

Tags: Марија РесаРеса и РаплерРодриго Дутерте
Next Post

Меѓународната конференција „Охрид- Водици 2023“: Прашањето на идентитетот е многу важно, особено што во современиот свет е еден од најмобилизирачките фактори

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk