ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ФТ: Новата методологија – потенцијална борба околу земјите од Западен Балкан

Во текстот со наслов „Брисел им отвора пат на земјите членки да ги запрат преговорите за проширување на ЕУ“, пишува дека предлог планот, наведен во документот, е покренат од спорната одлука на Франција да ги спречи Северна Македонија и Албанија да отворат преговори за членство во ЕУ.

February 5, 2020 12:12
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Предлогот на Европската комисија за проширување на ЕУ претставува основа за потенцијална борба меѓу земјите членки на Унијата околу тоа дали Скопје и Тирана ќе добијат зелено светло за претпристапни преговори, а се отвора и прашањето како ќе влијае врз Србија и Црна Гора, кои порано ги започнаа преговорите, пишува британскиот весник Фајненшал тајмс (ФТ).

Во текстот со наслов „Брисел им отвора пат на земјите членки да ги запрат преговорите за проширување на ЕУ“, пишува дека предлог планот, наведен во документот, е покренат од спорната одлука на Франција да ги спречи Северна Македонија и Албанија да отворат преговори за членство во ЕУ.

Како што се наведува, Владата на Северна Македонија се соочува со силен предизвик на изборите кои ќе се одржат во април од противниците евроскептици.

Весникот додава дека правилата ќе се применуваат и на претходно започнатите пристапни преговори, со идеја да им се овозможи на Србија и на Црна Гора, кои се во процес на преговори од 2014, односно 2012 година, да бираат.

– Појасно ветување може да и се допадне на западнобалканската шесторка, која долго посакува да се придружи во ЕУ, но веројатно ќе бидат загрижени дека планот ќе ја зголеми можноста да им се забрани пристапувањето, наведува ФТ.

Во предлог планот на ЕК пишува дека отстапување или одложување на неопходните реформи на земјите кандидатки во преговорите за членство може да доведе до преговори или прекин на преговорите, односно до нивно повторно отворање или ресетирање на затворените поглавја.

Во документот, исто така, се бара подобар поттик за земјите кои успешно ги остваруваат плановите, како што е поголемо финансирање и инвестиции, како и поблиска интеграција со политиката, пазарите и програмите на ЕУ во областите во кои е постигнат напредок.

Франција предизвика незадоволство кај голем број членки на ЕУ во октомври минатата година кога ги блокираше пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, образложувајќи дека двете држави немаат постигнато напредок во реформите за намалување на корупцијата и јакнење на владеењето на правото.

Next Post

Ангеловска: МојаНаграда дава одлични резултати, над 15 милиони сметки скенирани во јануари

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk