Професорот Салваторе Виторио Констанца потекнува од Сицилија во Италија, а предава филологија и лингвистика во Атина, како што вели во разговор за ЦИВИЛ медиа тој ги изучувал словенските јазици и словенската култура и токму затоа беше дел од научната меѓународна конференција на тема „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој и туризмот, поврзани со новите кризи“, што на 18 и 19 јануари се одржа во Охрид по 11 пат.
– Сицилија е остров на Медитеранот има своја традиција и култура која ја поврзува со Балканот, и историски моменти особено од Византискиот период, вели тој.
Според него точно е дека Италија е земја на мултикултурализмот, во јужинот дел живеат Албанци, Грци, но и Македонци, а на некои универзитети и се изучуваат овие јазици.
-Во Грција пак каде сум професор од 2016 година има различна идеја, таму е како во Франција еден јазик е официјален за сите. Додека пак во Италија има поинаков менталитет и се негува различноста затоа што тоа е културно богатство, вели Констанца.
Тој вели дека македонскиот јазик го научил преку разговори и во контакт со останатите словенски јазици, а идентитетот е динамичка категорија и сите ние треба да учиме за другите, затоа што тоа не е војна туку е потребна интеракција.
Како лингвист и изучувач на историјата, Констанца вели дека во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија идентитетот на двете држави е сепак различен и покрај сличностите.
-Имаме земји кои се слични како Шпанија и Италија како Германија и Холандија кои имаат и јазични и културни сличности, така е и со Бугарија и Северна Македонија, додава тој.
Соња Танеска
Фото/камера/монтажа Ариан Мехмети
Извор: Цивил Медиа