ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Борис Џонсон ненадејно отпатува за Украина

Поранешниот британски премиер вели дека е „привилегија“ да се покаже солидарност, откако беше поканет од страна на Володимир Зеленски

January 23, 2023 13:24
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Борис Џонсон дојде во ненадејна посета на Украина, велејќи дека е „привилегија“ да се биде таму за да се солидаризира со нацијата разурната од војна.

Поранешниот премиер на Велика Британија, беше фотографиран во градот Бородинка во регионот на Кијив, пренесува Гардијан.

Тој рече дека отпатувал во Украина на покана на претседателот Володимир Зеленски.

Риши Сунак ја поддржува неговата посета, изјави Даунинг стрит, по тврдењата дека може да го поткопа авторитетот на премиерот.

– Страдањето на народот на Украина трае предолго. Единствениот начин да се заврши оваа војна е Украина да победи – и да победи што е можно побрзо. Ова е моментот кога на Украина треба да и се даде сѐ што е потребно, за да ја заврши работата. Колку побрзо Путин не успее, толку подобро за Украина и за целиот свет, изјави поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон.

Портпаролот на Џонсон додаде дека тој целосно ја поддржува политиката на владата на Велика Британија за Украина, вклучително и неодамнешната одлука за испраќање тенкови „Челинџер 2“.

Неговата посета покажува солидарност со народот на Украина, рече портпаролот.

Прес секретарот на Сунак рече дека премиерот секогаш ги поддржува сите колеги кои покажуваат дека Велика Британија стои зад Украина и ќе продолжи да ги поддржува.

Џонсон се претстави како клучен сојузник на Кијив, обезбедувајќи поддршка и повикувајќи ги западните сојузници да го следат примерот уште во раните денови на руската инвазија минатиот февруари.

Како што се разоткриваше неговата премиерска функција опфатена со скандали, Џонсон беше обвинет дека ги користел патувањата во Украина или телефонските повици со Зеленски како одвраќање за кризите дома.

Ова патување доаѓа откако Џонсон се соочува со нови обвинувања дека наводно го препорачал Ричард Шарп за претседател на Би-Би-Си, неколку недели откако Шарп му помогнал да обезбеди заем додека сè уште бил во Даунинг Стрит.

Претходно Гардијан објави за плановите на Џонсон да патува во Украина овој месец.

Моменталниот британски премиер Сунак ги следеше стапките на неговите претходници Џонсон и Лиз Трас и беше гласен поддржувач на Кијив.

Премиерот ја посети Украина во ноември и вети континуирана британска поддршка за земјата која е разурната од војната.

Претходно оваа недела, Џонсон зборуваше на панел дискусија за Украина на Светскиот економски форум во Давос, каде што беше претставен како „легендарна личност“ во Украина.

А.Р.

Tags: Борис ЏонсонБородинкаВелика БританијаВолодимир Зеленски
Next Post

Ковачевски: Веќе не ги враќаме парите назад кон ЕУ, Македонија стана лидер по искористеност на ИПАРД средствата

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk