ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рускиот ракетен терор се засили ден по одлуката на Германија и САД за испраќање тенкови во Украина

January 26, 2023 14:53
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот од видео снимка на руските воздушни напади врз цивилни цели во Украина.

Скриншот од видео снимка на руските воздушни напади врз цивилни цели во Украина.

Еден ден по одлуката на Германија и САД да направат исчекор во воената помош и да испратат десетици борбени тенкови во Украина, големи експлозии го потресоа главниот град Кијив рано наутро на 26 јануари.

Агенциските тикери и пораките на социјалните и комуникациските платформи од украинските власти се преполни со вести за разорниот напад, но и за извонредниот огнен одговор на одбраната. Само во првиот бран на воздушни напади во мугрите, пред разденување, руските бомбардери истрелале околу 30 проектили врз цивилните домови и инфраструктура низ целата земја.

Украинската противвоздушна одбрана собори 24 дроновите-камикази со иранско потекло од типот Shahed 131 и 136. Украинските извори наведуваат дека само над Кијив биле уништени 15 крстосувачки ракети. Само до пладнето на 26 јануари, украинската одбрана уништи 47 од 55 крстосувачки ракети колку што Русија лансираше од раните утрински часови.

За жал, 8 ракети ги погодија своите цели – цивили, нивните домови и инфраструктурата што обезбедува основни услови за живот.

Русија, соочена со огромна низа проблеми во своето вооружување, импровизира постојано, но тие обиди резултираат со крајно непрецизни и несоодветни решенија за надополнување на рускиот агресорски арсенал. За жал, тие прилагодувања имаат разорни последици. Русите стрелаат со сѐ што ќе им се најде во депоата со оружје и муниција. Во последните неколку месеци, развија варијанта од антитенковските „Корнет“ проектили. Се работи за т.н. X-BPLA проектили чиј предок е „Корнет“, кои сега се монтираат на дроновите и бомбардерите.

Меѓу 55-те ракети и проектили лансирани претпладнето врз Украина, спаѓаат и Kh-47M2 Kinzhal кои имаат дострел од 2.000 километри и наменети се за уништување на воени бродови и 3M-54 Kalibr, исто така наменети за борба против воени бродови и подморници, со дострел од околу 200 километри. Во нападите се ангажирани и авионите пресретнувачи од типот MiG-31.

„Експлозии во Кијив – останете во вашите засолништа“, објави Антон Герашенко, висок функционер во Министерството за внатрешни работи, на Телеграм.

Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, подоцна изјави дека едно лице загинало, а две се ранети кога проектил погодил зграда во јужниот дел на градот. Три лица загинаа во рускиот напад врз критичната инфраструктура во Запорижја, соопшти државното обвинителство на Телеграм, а има извештаи за ракетни напади во областа Виницја во западна Украина и во околината на Одеса.

Дмитро Кулеба, министерот за надворешни работи на Украина, објави дека ракетните удари дошле еден ден откако агенцијата за култура на Обединетите нации, УНЕСКО, ја додаде Одеса на списокот на светско наследство во опасност.

Дополнувањето на листата му дава на градот „пристап до засилена техничка и финансиска меѓународна помош“, соопшти УНЕСКО.

„Украина може да го побара тоа, за да обезбеди заштита на имотот и, доколку е потребно, да помогне во реконструкцијата, доколку биде нападната“, се вели во соопштението на УНЕСКО.

Минатата недела, руските воздухопловни сили спроведоа вежби во Белорусија. Очигледно, вежбите биле насочени за напад на цивилите и сеење терор низ Украина.

Џ. Дерала


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Next Post

Таткото на Ѓоковиќ на Австралија Опен се слика со поддржувачи на Путин

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски вели дека Украина е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Трамп го пофали црниот костум на Зеленски

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk