ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Успешна промоција на македонските компании на саемот АГРО Белград 2023 година

January 26, 2023 20:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предводена од ресорниот министер Љупчо Николовски, денеска учествуваше на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство АГРО Белград 2023 година.

АГРО Белград претставува водечки саем за производителите на овошје, зеленчук и вино во регионот, каде се вмрежуваат реномирани домашни, регионални и светски компании и купувачи, создавајќи нови контакти меѓу себе, информира од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Производители на свежо, замрзнато и преработено овошје, зеленчук и грозје, потоа земјоделски машини од популарни брендови, системи за наводнување, системи за градобијна заштита, расадници, семенски и хемиски компании, како и други компании што ја покриваат областа на земјоделството, се само дел од над 500 излагачи од регионот и светот, кои учествуваат на годинешниот саем АГРО Белград 2023 година. На македонскиот штанд, во рамки на годинешното саемско издание, се претставија повеќе реномирани македонски компании, преработувачи на овошје, зеленчук и производители на вино, финансиски поддржани од Министерството. Посетителите на саемот имаа можност да ги вкусат убавото македонско вино, традиционалниот македонски ајвар, но и другите производи изложени на нашиот штанд“, се наведува во соопштението.

Министерството, преку програмата за рурален развој, обезбеди финансиска поддршка за учество и реализација на 50 домашни и 15 меѓународни манифестации за промоција на македонските земјоделски производи и пијалаци.

Николовски и министерката за земјоделство во Србија, Јелена Танасковиќ, упатија порака за уште позасилено темпо на меѓусебна соработка, гарантирајќи им на граѓаните во двете држави, сигурна снабденост со храна.

„Република Северна Македонија и Република Србија имаат одлична меѓусебна соработка, како во делот на меѓусебните договори и протоколи, така и во делот на трговската размена. Иницијативата „Отворен Балкан“ се покажа како добра и исправна одлука во вистинско време, која веќе ги дава своите резултати. Како соседни држави, на дело ја покажавме солидарноста, човечноста и меѓусебната соработка во време на прехранбената, економска и енергетска криза. Важен е и конференцискиот дел во рамки на саемот АГРО Белград, кој оваа година опфати актуелни теми од областа на овоштарството, градинарството и лозарството. Една од главните теми на конференцискиот дел, бeше справувањето со климатските промени и нивното влијание врз промените во производството на овошје и зеленчук“, се додава во соопштението.

Tags: АГРО Белград 2023 годинамакедонски компании
Next Post

Ковачевски на средба со вонпарламентарните коалициски партнери – тема поддршката за граѓаните во справување со кризата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk