ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ: На светот му се потребни сили што меѓусебно се поврзуваат и почитуваат, а глобалното зло, Холокаустот, да остане во темното минато

January 27, 2023 14:36
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

На Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, ЦИВИЛ како организација за човекови права потсетува на времето геноцидот врз европските Евреи за време на Втората светска војна, кога Помеѓу 1941 и 1945 година, нацистичка Германија и нејзините соработници систематски убиваа околу 6 милиони Евреи низ Европа окупирана од Германија.

ЦИВИЛ потсетува дека и ова глобално зло, во кое на грозоморни начини им се одземале животите на милиони невини луѓе само затоа што нацистите и нивните соработници во нивната извртена и антисемитска идеологија сметале дека Евреите (и не само) се понизок облик на живот што ја „контаминира“ ариевската „чиста“ раса,  во самите почетоци на ова мега насилство, иницијално е поттикнувано со говор на омраза, а кое потоа прераснало во намерно физичко насилство со предумисла за фатални завршетоци.

Холокаустот врз европските Евреи останува најголемата дамка на човештвото, и не смее да се заборават огромните човечки загуби од кое светот можеби никогаш нема да заздрави.

Антисемитизмот сè уште постои низ светот, а ниту Северна Македонија не е исклучена од слични „идеолошки изблици“, кои во никој случај не треба да бидат оставени на случајност, и кои треба да бидат третирани како исклучително реална закана по општествениот поредок на земјата.

ЦИВИЛ порачува дека секаков антисемитски говор, поттикнување и следствено насилство од слични пориви се во најмала рака непримерни и деструктивни за едно општество кое се стреми кон повисока форма на егзистенција како човечки вид, во светот, и во земјава.

На овој ден, Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, ЦИВИЛ порачува дека на светот му се потребни сили што меѓусебно се поврзуваат, се почитуваат, признаваат и живеат за да остават светли спомени на генерациите што доаѓаат, а глобалното зло како што е Холокаустот, да остане во темното минато кое сепак е потсетник дека човекот е најголемото зло што може да му се случи на човештвото.

Да не се заборави, и никогаш повеќе да не се случи.

ЦИВИЛ

Tags: Втора светска војнаЕвреиМеѓународен ден на сеќавање на холокаустотЦИВИЛ
Next Post

Зимската служба за одржување на патиштата работи со полн капацитет

НАЈНОВО

Фото: МИА

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Османи ја активира „Градежна стража“ – механизам против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025

Утре и задутре авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, пчеларите навреме да ги заштитат пчелите

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk