ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ ги активираше партиските парамилиции

January 30, 2023 13:45
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

ВМРО-ДМНТР (демантирана) продолжува да шири хистерија, лаги и фантазмагории и да прогнозира армагедон. Ќе сме се изгубиле како Македонци ако го изгубиме ликот и делото на Гоце Делчев. Затоа тоа Патриотскиот институт на  4-ти февруари се организира херојска стража на гробoт на македонскиот револуционерен херој Гоце Делчев.

ВМРО-ДПМНЕ да ти бил браникот на македонштината и патриотизмот затоа што „Власта со нејзината попуслива политика предизвика негација на македонската историја, јазик и култура“.

Јас не знам како се брани „македонштината и патриотизмот“ ако ги браниш со непочитување на македонскиот јазик па наместо „попустливост“ пишуваш „попусливост“. Или со апсолутно несоодветната употреба на именката „македонштина“, на што предупредува и Блаже Конески затоа што, како што пишува тој во неговата „Граматика на македонсккиот јазик“ (стр. 251), невнимателното изведување именки со наставката „-штина“ во некои случаи добива негативна и презрива конотација како што се будалштина, магарштина, ветроштина.

Македонската историја не се брани со лаги, а лага е тоа што го изјави Мицкоски дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1977 година, а со лаги не се брани ниту македонската култура бидејќи нели, не е културно да се лаже.

Не е прв пат ВМРО-ДМНТР да ги активира партиските парамилиции и останатите параформации. Освен парадата што ја прават овие љубитeли на „косплеј“ секоја година со Илинденскиот марш, последен пат беа придвижени во 2008 година кога по наредба на тогашниот генерален секретар Мартин Протоѓер добија задача да ги дисциплинираат локалните партиски моќници и да ја следат работата на општинските партиски функционери и да спречуваат создавање локални шерифи.

Овој „спорт“ на ВМРО-ДПМНЕ за внатрешна контрола по примерот на историските тројки за елиминација на предавниците од крајот на 19 и почетокот на дваесеттиот век, сега го издигаат на 2.0 ниво и на 4-ти февруари ги повикаа херојските стражи, во што поголем број да дојдат пред црквата Св. Спас во Скопје од 07:00 часот наутро.

Тројките на историското ВМРО за елиминирање на предавниците функционираа во време кога Македонците немаа своја држава, и следствено немале државни институции за јавен ред и мир, за безбедност и владеење на правото…

Но, да не заборавиме, во традицијата на ВМРО-ДМНТР е да формира паралелни параинституции кога се во опозиција, а кога се на власт да си прават држава според партиските потреби, односно да ја „заробат“.

Затоа како најдобар одговор на овие „производи“ на „фармите на хаосот“ на ВМРО-ДМНТР, дојде најавата за средбата на македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот бугарски колега Иван Демерџиев за да се договорат заедничките активности кои двете земји ќе ги преземат за обезбедување мирна и безбедна средина за прославата на 4 февруари – денот на раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.

На ова претходеше телефонскиот разговор премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска и техничкиот премиер на Бугарија, Галаб Донев. Двајцата се согласиле дека во контекст на случувањата и претстојното чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, двете држави ќе го дадат својот придонес за мирно и безбедно чествување на празникот, и дека активностите на поединци, без разлика дали се граѓани на Република Бугарија или на Република Северна Македонија кои ќе ги нарушат договорените протоколи, ќе бидат соодветно санкционирани и во Скопје и во Софија.

Тоа е начинот на кој се разговара и на кој се организираат настаните за нормализирање на ситуациите кога тие се доведени до екстремна поларизација како што се случи со односите на релацијата Скопје-Софија.

На тоа повикаа и нашите партнери ЕУ и САД, кои порачаа дека е од критична важност разговорите да се смират, лидерите од двете страни на границата да дискутираат смирено и рационално за да не биде запрен, па дури ни одложен, напредокот на нашата земја кон ЕУ.

Токму затоа ВМРО-ДМНТР треба да ја преземе одговорноста и да се откаже од екстремниот популизам и од навиката да генерира дополнителна криза која секогаш во центарот на вниманието ги има партиските наместо државните интереси.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Tags: ВМРО-ДПМНЕпарамилициихистерија
Next Post

Керемедчиев: Бугарски партии блиски до Русија ги користат тензиите меѓу Софија и Скопје за зголемување на својот рејтинг

НАЈНОВО

Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk