Терористичкиот напад на Русија во Оленивка, регионот Доњецк, ќе стане едно од обвиненијата на меѓународниот трибунал против Русија.
Ова го изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски преку објава на Твитер, пренесува Укринформ.
„Пред шест месеци Русија изврши ужасен терористички напад во Оленивка. Нема да дозволиме ова злосторство да биде заборавено, се сеќаваме на секој убиен украински воин. И ние работиме да ги казниме сите одговорни за нивната смрт. Сторителите ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата“, напиша Зеленски.
Тој нагласи дека подмолното масовно убиство во Оленивка ќе биде едно од обвиненијата на меѓународниот трибунал против рускиот агресор.
„Русија ќе ја изгуби оваа војна. Злото и подлоста секогаш губат. Мораме да ги вратиме сите Украинци дома од руското заробеништво. Ние работиме за ова“, нагласи Зеленски.
6 months ago, Russia carried out a horrific terrorist attack in Olenivka. We won’t allow this crime to be forgotten, we remember every killed ?? warrior. And we’re working to punish all those responsible for their deaths. The perpetrators will be found and brought to justice. 1/2
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 29, 2023
Како што пренесува Укринформ, ноќта на 29 јули 2022 година, на територијата на поранешната казнена колонија бр.210 во селото Оленивка во привремено окупираниот дел на Доњецката област, се случила експлозија, уништувајќи ја зградата во која биле украинските воени затвореници.
А. Р.