ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Столтенберг во Јапонија: Кина не е противник, но станува „сè повеќе авторитарна сила“

February 1, 2023 14:30
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Јапонија ја истакна важноста на блиската соработка на НАТО со партнерите во индо-пацифичкиот регион, велејќи дека Европа не може да го игнорира она што се случува во Источна Азија, бидејќи државите се меѓусебно зависни кога станува збор за безбедноста.

– Соработката со партнерите во светот, особено во индо-пацифичкиот регион, е дел од одговорот на поопасен и понепредвидлив свет, рече Столтенберг на состанокот организиран од Универзитетот Кеио.

– Војната во Украина докажува колку е меѓузависна безбедноста. Докажува дека она што се случува во Европа има последици за Источна Азија, а она што се случува во Источна Азија е важно за Европа, рече тој, додавајќи дека „идејата дека Кина не е важна за НАТО не е точна“.

Столтенберг ова го изјави како дел од посетата на Јапонија, за време на која вети дека ќе ги зајакне односите со Токио во сè потензичната безбедносна средина предизвикана од руската инвазија на Украина и зајакнувањето на воената соработка меѓу Русија и Кина.

– Иако Кина не е противник, рече тој, таа станува „сè повеќе авторитарна сила“ која се однесува наметливо, му се заканува на Тајван и развива воени капацитети кои би можеле да допрат до земјите-членки на НАТО.

– Ние сме повеќе од подготвени дополнително да го зајакнеме и прошириме нашето партнерство со земјите од овој регион, додаде тој.

Кина ги отфрли тврдењата на Столтенберг, велејќи дека секогаш ги брани мирот и стабилноста.

Пред посетата на Јапонија, Столтенберг ја посети Јужна Кореја, која ја повика да ја зголеми воената помош за Украина.

 

Tags: ЈапонијаЈенс СтолтенбергНАТО
Next Post

Покренато обвинение против Алек Болдвин за убиството на снимателката

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk