ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Покренато обвинение против Алек Болдвин за убиството на снимателката

February 1, 2023 14:37
in КУЛТУРА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Една и пол година откако на снимање на филмот „Рѓа“ беше смртно застрелана снимателката Халина Хачинс, подигнато е обвинение против холивудската ѕвезда Алек Болдвин и против оружарката на филмот Хана Гутиерез-Рид. Обвинителството во американската сојузна држава Њу Мексико ги товари двајцата за убиство од небрежност. Во случај да бидат прогласени за виновни, тие се соочуваат со казна затвор до пет години.

Во случајот на Болдвин, Обвинителството зборува за неколку „крајно непромислени дејствија“ или непромислено откажување од мерките на претпазливост во деновите и минутите пред смртниот истрел. Болдвин, кој покрај главната улога бил и продуцент на филмот, при снимање на една сцена ракувал со пиштолот што го испукал фаталниот истрел на 21 октомври 2021 година. Хачинс почина неколку минути малку подоцна, а режисерот Џоел Соуза беше погоден во рамото и повреден.

Истрагата го товари Болдвин дека извадил вистински револвер и пукал во насока на Хачинс, иако во таква ситуација вообичаено се користат макети. Снимката од ситуацијата на пробата го покажува прстот на Болдвин во близина на чкрапалото. ФБИ анализираше дека пиштолот не може да пука без да се повлече чкрапалото. Болдвин е обвинет и дека не учествувал во обуката за ракување со огнено оружје на филмскиот сет. Но, имало и повеќекратни прекршувања на безбедносните правила и протоколи што резултирале со тоа на Болдвин да му биде предадено оружје со вистински куршуми.

Болдвин и Гутиерез-Рид тврдат дека не се виновни. „Господин Болдвин немал никаква основа да верува дека оружјето е наполнето со вистинска муниција или дека некаде на сетот има таков патрон“, вели адвокатот на Болдвин, Лук Никас. „Тој им верувал на професионалците со кои работел.“

Портпаролката на окружното обвинителство рече дека тие се „целосно фокусирани на правдата за Халина Хачинс“ и дека „доказите и фактите зборуваат сами за себе“.

Преземено од НоваТВ

Tags: „Рѓа“Алек БолдвинЊу МексикоХалина Хачинс
Next Post

(ФОТО) Австрискиот претседател ја посети масовната гробница во Буча - руските злосторства не смеат да останат неказнети

Најново

Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk