ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК: Прекршочни налози за повеќе општински советници, директори и членови на управни одбори кои истовремено извршуваат и други функции

February 3, 2023 13:30
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница информираше за извршена редовна проверка на поднесените Изјави за интереси и утврдените прекршувања на забраните од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, при што се утврдени повеќе случаи каде членови на Совети на општини, истовремено извршуваат и други функции.

Антикорупционерите утврдиле случаи, каде што, член на Совет на општина е истовремено и в.д. директор на Јавно претпријатие, друг член на Совет на општина истовремено е и директор на Јавна здравствена установа – Здравствен дом, потоа член на Совет на општина, кој е и адвокат, друг член на Совет на општина е и претседател на училишен одбор на ОУ, како и член на Совет на Град Скопје, кој е и адвокат.

ДКСК, исто така, утврдила и случај каде што в.д. директор на Јавно претпријатие и сопственик и управител на приватна фирма, член на Совет за заштита на потрошувачите и претседател на Управен одбор на ЈЗУ, в.д. директор на Јавно комунално претпријатие и сопственик на кој што управува со приватна фирма, член на Управен одбор на Клиника за гастроентерохепатологија и член на Управен одбор на детска градинка, како и член на Управен одбор на ЈЗУ Клиника за уво, нос и грло и адвокат.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, појасни дека согласно законот избрано и именувано лице не може да биде ниту член на Управен одбор, ниту во друг управен орган и други забрани кои што треба да се почитуваат. –      До сите лица ќе се достави известување со барање да се откажат од едната функција и ќе се спроведе постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог, изјави Ивановска.

ДКСК, на денешната седница, меѓу другото, најави дека од понеделник ќе почне да функционира регистарот на избрано и именувани лица на Државната комисија за спречување на корупцијата, што значи дигитализација на поднесувањето на известување од лицата и институциите при избор, со што ќе се избегне чекање за доставување на хартиени документи и побрзо детектирање на прекршувања.

 

Tags: Билјана ИвановскаДКСК
Next Post

Ковачевски: Да се обединиме околу европскиот концепт, за до 2030 бидеме полноправна членка на ЕУ

НАЈНОВО

Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци

August 28, 2025

Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред

August 28, 2025
Скриншот

Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk