ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лавров кажа која држава им е следна цел: „Молдавија може да стане следната Украина“

February 3, 2023 16:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ

Додека Русија води освојувачка војна во Украина, Кремљ им се заканува и на другите соседни земји. Имено, на прашањето на еден од водечките новинари за војна, Дмитриј Кисељов – која земја од поранешниот СССР „би можела да стане нов антируски центар“, првиот дипломат на Путин, Сергеј Лавров, накратко изјави – Молдавија, пренесува хрватски Јутарњи.

Според Лавров, „Молдавија може да стане следната Украина“. Тој го обвини Западот кој, според него, „ја поттикнува Молдавија против Русија и има намера таа да игра улога во проектот против Русија“. Лавров изјави дека тенденцијата на актуелните молдавски власти „да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО сведочи за нивната антируска политика“.

Молдавија веднаш по руската агресија врз Украина побара прием во ЕУ, а во јуни 2022 година заедно со Украина доби кандидатски статус, но ниту побара, ниту најави прием во НАТО, особено што за тоа ќе бидат потребни промени во устав според кој Молдавија е воено неутрална земја. Лавров директно ја нападна молдавската претседателка Маја Санда, за која вели дека „ја турка Молдавија во НАТО“, дека е „романска државјанка“ и дека „подготвува обединување со Романија“.

Во Кишињев таквите зборови на министерот за надворешни работи на Путин ги сфатија како отворена закана и веруваат дека тие можат да станат нова цел во воените планови на Путин за проширување на Русија.

Портпаролот на молдавското Министерство за надворешни работи, Даниел Вода, вели дека ова се „сериозни заканувачки пораки од руската дипломатија“ и дека молдавското население и политика имаат право на сопствени стратешки одлуки и приоритети, а членството во ЕУ е едно од нив. .

„Одлучно ги отфрламе изјавите на рускиот министер за надворешни работи, кои не кореспондираат со фактичката состојба на работите и се дел од испробаната заканувачки реторика на руската дипломатија. Сакаме да ја потсетиме руската страна дека Молдавија го избра патот кон ЕУ, а тоа го поддржуваат и граѓаните на Молдавија и сакаме Русија да го почитува ваквиот однос на молдавските граѓани“, посочува Даниел Вода.

Подготви: Ј. Ѓ.

 

Tags: МолдавијаРуска агресијаСергеј Лавров
Next Post

Пленковиќ за Еуроњуз: ЕУ никогаш немала вакво единство

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk