ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Пленковиќ за Еуроњуз: ЕУ никогаш немала вакво единство

February 3, 2023 16:52
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На 1 јануари 2023 година, Хрватска го усвои еврото и стана 20-та членка на еврозоната и 27-та членка на европската Шенген зона, зона без контрола на внатрешните граници.

Само неколку недели по транзицијата, во интервју за Еуроњуз хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вели дека единствениот проблем на земјата при воведувањето на еврото е што некои од економските оператори всушност ги имаат кренато цените во контекст на заокружување на цените од куни на евра.

„Од неделата користиме само евра, така што можеме да кажеме дека е многу добро. Единствениот проблем што го имаме е тоа што некои од економските оператори всушност ги кренаа цените во контекст на заокружување на цените од куни на евра, така што сега имаме различни инспекции кои се занимаваат со овие прашања и се обидуваме, како влада, да ги убедиме да ги вратат цените на она што беше на крајот на декември 2022 година“, рече Пленковиќ.

Санкции на ЕУ против Русија

Таканаречената меѓународна заедница, вклучително и Европа и САД, воведоа санкции против Русија за да ја ограничат нејзината способност да ја финансира оваа војна. Но, украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека тоа не е доволно.

На прашањето дали мисли дека Европа прави доволно за да се спротивстави на Русија, Андреј Пленковиќ изјави дека ситуацијата со руската агресија против Украина, која сега трае речиси 11 месеци, е ситуација без преседан на европскиот континент.

„Ние бевме жртва на агресијата на почетокот на деведесеттите, но размерите и последиците на оваа воена агресија против Украина се далеку поголеми“, вели Пленковиќ.

Тој го истакнува единството во Европската унија и степенот на солидарност со Украина, и тоа не само политички, туку и во воена смисла.

„Моето чувство како еден од лидерите на Европскиот совет е дека никогаш досега не сме виделе такво единство на Европската унија, таква решителност, толку јасна и артикулирана осуда на Русија и толкав степен на солидарност со Украина, не само политички, не дипломатски, економски, финансиски, на хуманитарен начин, туку и во воена смисла“.

На прашањето како гледа на крајот на војната во Украина, хрватскиот премиер рече дека како и со секој конфликт, тој ќе заврши на дипломатска маса. Клучната работа во поддршката на Украина е во враќањето на нејзините територии, во зачувувањето на суверенитетот, во зачувувањето на Уставниот поредок. Победничкиот елемент е во целата херојска борба на украинскиот народ и неговата војска.

Неодамнешните тензии на Балканот

Неодамна, се појави загриженост за стабилноста во балканскиот регион, особено во Босна, каде што има огромна хрватска заедница, и ситуацијата меѓу Србија и Косово. Но, хрватскиот премиер е уверен дека овие тензии нема да се прелеат во поширока дестабилизација.

– Никогаш немаше поголем ангажман во Европската унија со регионот на Западен Балкан отколку во текот на 2022 година, рече Андреј Пленковиќ.

„Мислам дека сите мои колеги разбраа дека треба повеќе да се ангажираме, да разговараме со лидерите и да влијаеме на процесот. Србија и Црна Гора преговараат и конечно, Северна Македонија и Албанија ги започнаа пристапните преговори. Босна и Херцеговина доби кандидатски статус и Косово поднесе барање за членство“, вели Пленковиќ и додаде дека она што сега треба да го направат земјите од регионот е да ги намалат тензиите меѓу нив, да ги решат прашањата за функционалноста на државата и демократијата во многу од нив и уште повеќе да ги намалат тензиите кои претходно беа причини за конфликтот.

„Мислам дека со толку висока вклученост и ангажман на европските партнери во институциите на ЕУ, нема да поминеме низ некаков инцидент што може да доведе до дестабилизација. Но, треба да бидеме внимателни, да останеме ангажирани, а сите лидери треба да преземаат сопствена одговорност. Бидејќи колку повеќе земји се стабилни и функционираат, толку побрз ќе биде нивниот пат до Европската унија“, заклучи Пленковиќ.

Подготви: А. Р.

Извор: Еуроњуз

Tags: Андреј ПленковиќеврозонаЕУЕуроњузинтервјуШенген зона
Next Post

Во понеделник стартуваат преговорите со стратешкиот партнер за Коридорот 8

Shortcut

Најново

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

June 4, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

June 4, 2026
Фото: Википедија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk