ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новак-Пендаровски: Членството на Северна Македонија во ЕУ има клучна улога за стабилноста на регионот и Европа

February 6, 2023 12:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членството на Северна Македонија во ЕУ сметаме дека има важна и клучна улога за стабилноста на регионот на Западен Балкан и стабилност на цела Европа, порача денеска претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која престојува во официјална посета на нашата земја.

Унгарската претседателка Новак на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски, изрази надеж дека Унгарија ќе може да помогне за забрзување на процесот на зачленување во ЕУ.

Новак, освен за членство на Северна Македонија во ЕУ, зборуваше и за војната во Унгарија, борбата против илегалната миграција за што посочи дека 30 унгарски полицајци вршат служба на македонско-грчката граница, прашањето на демографијата и размена на искуства што Унгарија прави за поддршка на семејствата, како и за размена на културни вредности.

– Сметаме дека е баш неправедно што Северна Македонија мора да трпи одлагања и свесни сме дека доколку овој процес не може да продолжи онака како што треба, ќе се јави песимизмот во однос на зачленувањето, истакна Новак.

Ние, нагласи Новак, ја осудуваме агресијата на Русија во Украина и стоиме на неповредливост на суверенитетот.

– Војната донесе многу проблеми и затоа би сакале што побрзо прекин на огнот и да се најде модел на мир и на тој начин долгорочно да се обезбеди безбедност на Европа, изјави Новак.

Меѓусебната билатералната соработка, Новак оцени дека во последно време добро напредува и изрази надеж дека нејзината посета ќе придонесе за билатералните односи да се развиваат во таа насока.

Претседателот Пендаровски, пак, порача дека по 20 години ова е прва официјална посета на унгарски претседател на нашата земја.

 -Унгарија е една од најгласните и најактивните членки на ЕУ во поддршката на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан и земја која одигра значајна улога во одлуката за почеток на пристапните преговори за Северна Македонија, порача Пендаровски.

На средбата, Пендаровски, посочи дека добил уверување дека поддршката ќе продолжи и оти Унгарија проширувањето го смета за една од најстратешките политики на ЕУ, со политичка и советодавна поддршка ќе продолжи да ги промовира македонските интеграции. -Со Унгарија имаме динамична економска соработка, која е во нагорен тренд. Унгарија е меѓу десетте наши најголеми трговски партнери, со трговска размена во минатата година од речиси половина милијарда евра и континуиран тренд на суфицит на македонска страна, истакна Пендароски.

Во рамки на посетата, како што е најавено, Новак и Пендаровски во црквата „Св. Спас“ во Скопје ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Tags: европаЕУЗападен БалканСеверна Македонија
Next Post

130 години од смртта на Григор Прличев

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk