ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тестовите за натпреварот по математика само на македонски јазик; бран протести во Албанија до заминување на Рама

February 6, 2023 13:47
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Родители на ученици Албанци ги повлекоа своите деца од натпреварот по математика и протестираа пред објектот на Здружението на математичари на Македонија бидејќи тестовите биле само на македонски јазик, во Албанија се најавени протести со почеток на 11 февруари, се до заминување на Рама. Ова е само дел од изборот на темите од албанските медиуми во регионот, кои редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги избра за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

НИСТОРИ: Учениците Албанци се дискриминирани на натпреварот по математика, тестовите се само на македонски јазик

„Здружението на математичари на Македонија денеска ги дискриминираше учениците Албанци на натпреварот по математика со тоа што не им понуди тестови по албански јазик, со што учениците Албанци ги стави во нерамноправна конкуренција со оние од македонската заедница, пренесе македонскиот медиум на албански јазик Нистори.

ПАНОРАМА: На 11 февруари ќе започне бран протести кој ќе престане само кога ќе си замине Еди Рама

Поранешниот пратеник од редот на демократите во Албанија, Клевис Балиу во интервју за ТВ ПАНОРАМА рече дека националниот протест од 11 февруари „не е датум на протест, туку почеток на бран протести што ќе престане само кога Еди Рама ќе си замине“, пренесе албанскиот медиум Панорама.

АРБРЕШ: Жртвите од сексуално насилство за време на војната во Косово, досега 2 илјади пријави

„Вчера заврши петгодишниот рок за пријавување на жени и мажи за признавање на статусот на жртви на сексуално насилство. Досега, според владината комисија за признавање на статусот на жртвата на сексуално насилство, околу 2000 лица поднеле барање за признавање на статусот на преживеани од сексуално насилство од војната во текот на 1998-99 година.“, пренесе Арбреш.

КОХА: 24 години од Конференцијата во Рамбује

„Пред 24 години, на 6 февруари 1999 година, конференцијата Рамбује започна со работа. Овој состанок, кој се одржа во близина на Париз, Франција, имаше за цел да се реши кризата во Косово.

Иницијатор на конференцијата, која траеше до 23 февруари, беше Контакт групата, а посредници беа Кристофер Хил од САД, Борис Мајорски, Русија и Волфганг Петрич од ЕУ.“, пренесе косовскиот дневник КОХА.

СУРИ: Албанците, слонот и српската Заедница!

„Оваа метафора за контролирање на слонот е моќна за нас Албанците, особено во актуелните ситуации кога метафорично наликуваме на „возрасен слон“, но всушност нашата вистинска волја за национално единство е нарушена од историските „окупатори“, извадок од колумната  „Албанците, слонот и српското здружение!“, од Шуќури Хаџа објавена во дневникот СУРИ.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: медиумирегион
Next Post

Горивата поевтинуваат од 1,5 до два денари за литар

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk