ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Политиката пред хуманоста: Помошта тешко стигнува во Сирија, луѓето сами ги спасуваат своите семејства и децата

Постојат дополнителни потешкотии за добивање помош во делови од Сирија кои сè уште се контролирани од опозициските сили, како во Идлиб, каде живеат околу 4,8 милиони луѓе и дури и пред оваа катастрофа беше тешко да се дојде до залихи или помош во овие области

February 10, 2023 13:13
in PMD, ДЕНЕС, СВЕТ, ТРАГЕДИИ

ОН дури вчера испрати хуманитарен конвој во Сирија под контрола на опозицијата, што е прв пат по силниот земјотрес што го погоди регионот пред три дена, во кој загинаа повеќе од 20.000 луѓе, а стотици илјади останаа без покрив над главата низ Сирија и соседна Турција. Од вчера, бројот на загинати во Турција ја надмина границата од 17.600., додека дополнителни 3.377 луѓе загинале во Сирија, пренесеува Њу Јорк Тајмс.

Недостигот на камиони, блокираните патишта и другите логистички пречки ги попречуваат напорите на над 100.000 спасувачки персонал кој работи во Турција за ископување жртви, закопување на мртвите и за давање помош на очајните преживеани. Ниските температури и големиот недостиг на две основни комунални услуги, греење и електрична енергија, дополнително им ја отежнуваат работата.

Преку границата во северозападна Сирија, каде што милиони раселени лица поради граѓанската војна во земјата издржуваа брутална зима без греење кога се случи земјотресот, прекините на електричната енергија создаваат недостиг на гориво во болниците. Снежните врнежи дополнително ги комплицираа спасувачките напори таму.

Ширум Антакија, античкиот главен град на провинцијата Хатај и град со 200.000 жители, илјадници бараат помош.

„ Ја нема повеќе Антакија“, рече сопственикот на хотел во градот. „Ги изгубив пријателите; Ги изгубив зградите каде што јадев и пиев со моите пријатели. Ги изгубив сите мои спомени. Веќе немам причина да живеам во Хатај. Затоа што нема ништо“.

Но, постојат дополнителни потешкотии за добивање помош во делови од Сирија кои сè уште се контролирани од опозициските сили, на пример, во Идлиб. Околу 4,8 милиони луѓе живеат во овие области и дури и пред оваа катастрофа беше тешко да се дојде до залихи или помош во оваа област.

Делот од Сирија кој е најпогоден од земјотресот е под контрола на опозицијата и е под постојани напади на сириската влада и руската војска. Всушност, кратко време по земјотресот, сириските сили го гранатираа градот Мареа, пренесува ДВ.

Една од причините зошто помошта тешко стигнува во  загрозените подрачја во Сирија е тоа што како резултат на долгогодишните борби, инфраструктурата овде е веќе тешко оштетена, со оскудни медицински материјали, речиси и да нема спасувачки служби и многу луѓе кои живеат тука зависат од меѓународна помош. Меѓународната помош затаи, или прилично доцни, па луѓето сами ги спасуваат своите семејства и децата.

No help arrived from outside Syria, people save their families and children themselves. #Idlib #earthquake #Syria pic.twitter.com/xOO55kOs5v

— عمر البم | Omar Al-Bam (@omar_albam) February 7, 2023

Исто така,  проблематично е и да се добие помош за места како Алепо, кој е контролиран од режимот на Асад, бидејќи во овие области не може да се заобиколи координирањето на меѓународната помош со владата на Асад, затоа од минатото искуство е познато дека сите пари за помош што минуваат преку владата во Дамаск завршуваат како помош за финансирање на владата.

Хуманитарната помош и другите испораки пристигнаа само преку еден граничен премин, Баб ал-Хава на турско-сириската граница. Овој премин се одржува само благодарение на резолуцијата на Обединетите нации, дека треба да се обновува на секои шест месеци и што често се користи како политичка игра од страна на сириската влада и нејзините руски сојузници, без разлика на трошоците за цивилите кои живеат во оваа област.

Секако, постојат начини да се добие помош во областите погодени од земјотрес во северна Сирија и да се спасат животи, но, тие се отежнати од различни политички позиции заземени и од Турција и од Сирија.

Подготви: Д. Мишев / ЦИВИЛ Медиа

Tags: земјотресСиријаТурцијаХуманост
Next Post

Да продолжиме „опасно да сонуваме“ дека подобар свет е можен

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk