Се запалила викендица во село Леуново каде викендов бил генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Викендицата била во сопственост на мајката на Зечсвиќ, а пожарот го пријавил токму тој. Од МВР за Фокус официјално потврдиле дека рано утрово бил пријавен пожар.
„Денеска наутро околу 06.10 часот, М.З.(51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал пожар во внатрешна инсталација на викенд куќа во село Леуново, сопственост на неговата мајка, во која престојувал. Повредени нема, интервенирала гостиварската територијална противпожарна единица. Во текот на денешниот ден ќе се врши увид“, соопштија од МВР.
Според информации на Фокус, пожарот избувнал од внатре, а сомнежите се дека имало некакви проблеми со оџакот.