Украинските граничари соборија непријателски воен авион во Бахмут, регионот Доњецк, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во објава на Телеграма.
„Денес, борците на Државната гранична служба ја намалија воздушната флота на напаѓачите за еден борбен авион. Оваа недела ова е веќе втор потврден авион уништен од единица MANPADS на граничната полиција. Авионот, кој најверојатно е „Су-25“ , беше погоден со пренослив противвоздушен ракетен систем од странско производство“, се вели во извештајот.
Генералштабот соопшти дека авионот се запалил откако бил погоден и се урнал..
Се чини дека пилотот загинал, бидејќи украинските бранители не го виделе како се катапултира, додаваат од украинскиот Генералштабот.
Претходно, како што пренесе Укринформ, украинските граничари во позиционен контранапад, убиле 11 руски војници и неутрализирале руско беспилотно летало.
На 11 февруари, украинските одбранбени сили одбиле 11 непријателски напади во регионите Луганск и Доњецк, соопштија украинските власти.
Подготви: Ј. Ѓ.