Најтесното партиско раководство на Алтернaтивa на седницата на највисокото партиско тело – Централното собрание, одлучи да излезе од Владата и да настапува опозициски. Лидерот на Алтернатива Африм Гаши на прес-конференција ја соопшти одлуката.
„Донесовме конечна одлука. Ние одлучивме дека Алтернатива со сите функционери ќе биде опозициска партија”, рече Африм Гаши.
На новинарско прашање, Гаши најави дека ќе гласат за уставните измени
Од Алтернатива претходно соопштија дека согласно статутарните одредби е одлучено конечниот став да го изградат преку Централното собрание, откако во меѓувреме беше официјализирано дека во владиното мнозинство се приклучува Алијансата за Албанците. Со предложената реконструкција на Владата АА добива министри во три ресори на Алтернатива.
Од СДСМ вчера порачаа дека на партијата на Гаши и била понудена опција за продолжување на соработката. -Дадовме простор и предлог-решенија со својот кадровски потенцијал да дадат придонес во коалицијата, но, за жал, не дадоа свој предлог, со што де факто одлучија да ја прекинат соработката до овој момент. Партијата е добродојдена и нашата врата е отворена за некаква наредна соработка, но не само кон Алтернатива туку и кон сите политички партии или пратеници што и мислат добро на државата и коишто ќе застанат зад европскиот пат на државата како наша стратешка заложба, изјави партискиот портпарол и пратеник Дарко Каевски.
Ј. Ѓ.