Лидерката на ДОМ и пратеничка, Маја Морачанин изјави дека партијата нема да излегува од Владината коалиција и дека одлуката за останување ја оправдува со програмските приоритети кои ги имаат за остварување.
За неа „од суштинска важност е реализирањето на програмските приоритети“, а не која партија колку министерски, заменик министерски и директорски позиции добила.
„Членството на Македонија во ЕУ е наша стратешка цел, за која за разлика од некои други општествено политички фактори кои популистички ги манипулираат граѓаните, ние посветено и аргументирано дејствуваме за нашата земја и целиот регион на Западен Балкан што побрзо станат дел од Европското семејство“, посочи таа за „Макфакс“.
Од коалицијата со СДСМ изминативе денови излезе Алтернатива, а по нив и ДС на Павле Трајанов.